Добро е тоа што НАТО седи настрана во преговорите
Објавено во: Балкан 27 Април, 2018
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во текот на вчерашната средба во Брисел го известил генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за текот на преговорите за името, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Коѕијас во позитивен контекст нагласил дека е задоволен од тоа што НАТО не интервенира директно во преговорите со Македонија за окончување на спорот за името, бидејќи на тој начин полесно ќе се изнајде решение.
„Според дипломатски извори, господинот Коѕијас го извести господинот Столтенберг за текот на преговорите за името со ПЈРМ и рече дека го цени фактот што алијансата не се вмеша“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Коѕијас и Столтенберг вчера остварија средба во седиштето на НАТО во Брисел, средба која заврши без изјави за медиумите.