29 Април, 2024
0.0268

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Втора година по ред, Групацијата Лимак, преку иницијативата Global Engineer Girls (GEG) доделува 20 стипендии на девојки и млади жени кои студираат на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за компјутерски и информатички науки на државните универзитети во земјава.

Студентките кои ќе учествуваат во втората година од програмата на GEG беа избрани на основа на нивните досегашни академски достигнувања и вклученоста во дополнителни активности. Притоа, повеќе од 180 кандидатки аплицираа на јавниот повик што беше објавен на почеток на февруари оваа година.

Покрај финансиска поддршка во форма на стипендии, Групацијата Лимак, преку GEGNorthMacedonia,обезбедува и можности за практикантска работа, обуки за развој на дигитални и друг вид вештини, како и учество во менторска програмашто ја спроведуваат искусни професионалци и бизнис лидери.

„Среќна сум што можам да им посакам добредојде на новите стипендистки и воедно да ѝ честитам на генерацијата 2023 за завршувањето на програмата Global Engineer Girls во Северна Македонија. Се надевам дека преку знаењето и искуството кои ги пренесуваме на овие млади девојќи и жени, ќе ги охрабриме и дополнително ќе ги мотивираме да ги остварат своите соништа и да изградат успешна кариера во инжинерските професии и да заземат лидерски позиции, кои некогаш беа резервирани повеќе за мажите“, изјави Еда Јегиналтај-Курт, член на Управниот одбор на Лимак Скопје и на Фондацијата Лимак, која има повеќе од 30 години професионално искуство во градежната индустрија и е ментор во програмата на Global Engineer Girls North Macedonia.

На настанот со кој се заокружи првиот циклус од програмата и се означи почетокот на вториот, Еда Јегиналтај-Курт ги сподели својата инспиративна приказна, искуства и совети со GEG студентките од првата и втората генерација. Покрај неа, на настанот говореа и генералната директорка на „Макстил“ Марија Дуковска–Павловска, генералната менаџерка и сопственичка на компанијата „Завар дизајн“ Марта Наумовска-Грнарова, како и Мерита Рамадани-Алими, сопственичка и директорка на компанија „Билд тек“.

Главната цел на инцијативатаGlobal Engineer Girlsе да обезбеди активна поддршка за младите жени и девојки да стекнат напредно знаење, практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата и инженерството - позната како СТЕМ област. Исто така, иницијативата се стреми да ги поттикне компаниите да се вклучат во справувањето со родовиот јаз во нивната индустрија и во нивните организациски структури, на тој начин унапредувајќи ја вклученоста на жените во економијата и во општеството.

Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива која започна да се спроведува во 2015 година во Турција, а потоа се прошири и во Северна Македонија, Косово и Саудиска Арабија. Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на Групацијата Лимак и личните заложби на претседателката на групацијата, Ебру Оздемир, за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ областа.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024