„Дојче банк“ со џиновска загуба
Објавено во: Економија 28 Јануари, 2016 10:47
Најголемата германска финансиска институција „Дојче банк“ објави нето загуба од 6,8 милијарди евра за минатата година.
Најголемиот доверител на Германија го должи лошиот финансиски резултат на огромните трошоци за реструктуирање, зголемување на ризикот и пониски приходи, пренесува АФП.
Загубите само во четвртиот квартал се во износ од 2,1 милијарди евра, објавија од банката, која ги објавиповеќето од своите финансиски резултати минатата недела.
Во моментов „Дојче банк“ е заглавена во клопче на над 6000 дела, а во мај беше казнета со рекордни 2,5 милијарди долари за учество во манипулирање на каматни стапки.
Новиот шеф на групата Џон Краитон вети големи промени културата во рамките на банката, но инвеститорите се загрижени дека трошоците за судски постапки ќе удрат врз профитабилноста за годините што доаѓаат.
Покрај тешките трошоци за реструктуирање, Краитон вети дека ќе продолжи по истиот пат. „Периодите на преструктуирање може да бидат незгодни. Сепак сум убеден дека ако продолжиме да ги исполнуваме стратегиите дисциплинирано, ќе ја преобразиме „Дојче банк“ во посилна, поефикасна и подобро функционална институција“, изјавил тој .
Можеби ќе ве интересира
Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?




