05 Мај, 2024
0.0376

ДОКАЗИТЕ НЕСОБОРЛИВИ: Ќе и помогне ли потерницата на МВР да го пронајде убиецот на Мартин Јанушев?

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Несоборливи се доказите кои МВР ги има во однос на убиството кое пред неколку недели го потресе скопски Аеродром. 

По Секуловски Филип роден во Скопје на  30.12.1992 година сега и официјално се трага со меѓународна потерница.

Тој според МВР несомнено е убиецот кој го застрела Мартин Јанушев пред домот во близина на Ред кафе во Скопје.

Јанушев е застрелан од непосредна близина со пет куршуми во вратот и главата а за настанот сведочат видео материјали од околните надзорни камери.

МВР засега не открива дали Филип е надвор од државата, но фактот дека се распиша меѓународна потерница алудира токму на тоа.

Претпоставки и шпекулации во јавноста

Она што досега се знае официјално во јавноста според МВР е дека не станува збор за нарачано убиство. Многу детали не се соопштуваат од надлежните поради истрагата, но неофицијални информации велат дека Секуловски бил на отслужување на затворска казна, но бил пуштен на слободен викенд наводно поради неговото добро поведение во затворот. 

„Ми отиде детето од неранимајковци“

„Немам зборови. Ми отиде детето од неранимајковци…“, -ова се зборовите со кои Бранислав Јанушев, таткото на Мартин се прости од своето чедо на социјалната мрежа Фејсбук.

Зошто беше ликвидиран Мартин Јанушев?

Според информации кои се шират на социјалните мрежи Филип и Мартин се познавале и биле порано блиски, па така бројот на испукани куршуми и моментот на емотивна одлука укажува на лични мотиви, но конечниот одговор сепак ќе почекаме да го даде МВР.

Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско