04 Мај, 2024
0.0283

ДОКОЛКУ НЕМА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ, СЕ НАЈАВУВА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК - КСС на протест на 30 март

Објавено во: Македонија 23 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Конфедерацијата на слободни синдикати на 30 март ќе излезе на протест пред Собранието изразувајќи незадоволство што досега не е направено усогласување на останатите плати со миниминалната плата во јавниот сектор.

„Дел од гранските синдикати и КСС донесоа одлука да излеземе првично на улица на 30 март во 15.30 часот пред Собранието и да го искажеме нашето незадоволство затоа што уште во ноември минатата година испративме допис до сите пратеници, барајќи усогласување на платите согласно минималната плата, која во тој момент беше 15.200 денари“, изјави денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Од КСС бараат да се покачи бодот за да може да се задржи распонот на разликата меѓу платите на останатите вработени. Доколку Владата не ги исполни нивните барања, најавуваат генерален штрајк. 

„Ова е предупредувачки штрајк што одлучивме да го направиме како една поблага мерка. Се разгледуваат најразлични чекори за понатамошна радикализација - за стапување во генерален штрајк, има најразлични предлози од нашето членство. Пуштени се анкети во кој облик сакаат да го изразат своето незадоволство. Како ќе одлучи членството, така ќе биде“, рече Ралповски.

Соопшти дека барале состанок со владини претставници, пред се, со премиерот Димитар Ковачевски, но оти досега не се сретнале со никого. Денеска, како што посочи, се поканети да присуствуваат на Економско-социјалниот совет.

Законот за административни службеници, според Ралповски, е една голема манипулација.

„Се обидуваа да го покачат само бодот на оние со најниска категорија на звања, тоа е Г категорија за да можат сите да земаат од Г1 до Г4 минимална плата заедно со помош на техничкиот персонал, а она што се шират шпекулации во јавноста за нов закон за административни службеници, тој никако не може да биде донесен сега затоа што има процедура. Тој закон е донесен со европски препораки и мора да оди на јавна расправа во Брисел, на Економско-социјален совет, па потоа да се менува законот за административни службеници“, рече Ралповски на денешната прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра