18 Мај, 2024
0.0267

Доколу ги имате овие пет симптоми, знајте дека ви наговестуваат нешто лошо!

Објавено во: Стил 17 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Кога нешто му недостасува, телото неретко се обидува да ни прати знаци на тие недостатоци. Важно е да ги забележите на време и да знаете како да си помогнете пред да биде доцна и да се разболите. Недостатокот на витамини во телото најчесто се одразува во неколку симптоми кои е лесно да се препознаат ако обратиме доволно внимание. Со најчестите симптоми донесуваме и начини како да ги надминеме. 1. Напукани рабови на усните Ви недостасува: железо, цинк и витамини Б како ниацин (Б3), рибофлавин (Б2) и Б12. Решение: Јадете повеќе пилешко и  и мисирка, туна, јајца, блитва, кикирики и мешунки. Комбинирајте ги овие состојки со брокула и кељ. 2. Црвен осип на лицето како првут или опаѓање на коса Ви недостасува: Биотин Решение: Јадете тврдо готвени или печени јајца, лосос, авокадо, сливи, соја, орасти плодови, банани. 3. Црвени или бели израстоци кои личат на акни (на образите, рацете, колковите) Ви недостасува: есенцијална масна киселина и витамини А и Д. Решение: Зголемете го внесувањето на здрави масти, јадете повеќе јаткасти плодови и семки како лен. Важно е внесувањето на лиснат зеленчук но и морков и пиперки за витамин А. Зголемето го внесувањето на млечни производи. 4.Вкочанетост на раце, нозе и други делови од телото или трпнење Ви недостасува: витамини Б, фолна киселина (Б9), Б6 И Б12. Решение: Јадете спанаќ, аспарагус, цвекло, сите видови на грав, јајца. 5.Мускулни грчеви, болки (во нозете) Ви недостига: магнезиум, калциум и калиум. Решение: Јадете банани, бадеми, лешници, цреши, јаболка, грејпфрут.