18 Мај, 2024
0.0276

ДОКТОР ОТКРИВА РЕЦЕПТ ЗА ДОЛГ ЖИВОТ: На 95 години отишол во пензија и пука од здравје и енергија!

Објавено во: Стил 22 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Што е добро за здравјето овој лекар лично испитал, па во согласност со тоа почнал да се храни, а резултатот на сето тоа е што на прагот на 11 децении живот сам се качува низ скали, ја средува градината, не користи бастун.

Дали верувате дека на светот постои личност која во пензија отишла на 95 години?

Доказ дека тоа е можно е доктор Елсворт Ворхем, прославениот кардиохирург кој неодамна наполни 100 години!

Симпатичниот дедо во животот поминал низ се и сешто, вклучувајќи ја и Втората светска војна, во која учествувал и работел како лекар, а своето занимање одсекогаш го сакал.

„Го знаете она кога луѓето велат дека имаат животен повик? Јас чуствувам дека мојот бил лекарски. Никогаш тоа не сум го доведувал во прашање“, рекол Ворхем во интервју за „Фокс Њуз“.

Токму неговиот повик го натерал реално и одблиску да ги согледа сите последици на лошите животни навики, бидејќи како прославен хирург многу пати го видел срцето, крвните садови и белите дробови уништени од храна, пушење, недоволно сон, и премалку движење.

Уште пред повеќе од 60 години, Елсворт одлучил да ја промени исхраната и на своето тело да му подари здрави намирници. Месото отсекогаш се сметало за храна со богати важни намирници, а тој одлучил тоа лично да го испита и да се увери сам. Направил студија и дошол до заклучок дека протеините од животинската маст го зголемуваат нивото на холестерол па неговата одлука била да премине на вегетеријанска храна - мени кое ја исклучува сета храна од животинско потекло.

Исто така, тој секој ден спие од 8 до 9 часа, а се буди во 5  наутро. Елсворт верува дека за него е најдобро да јаде два пати дневно, а за доручек задолжителни се житарици од цело зрно со бадемово млеко

Остатокот од денот, овој почитуван доктор го поминува со своето семејство и вежба така што го среду ва својот двор - ја коси тревата и ги уредува розите и декоративните жбунови.

Благодарение на ваквиот стил на живот, Елсворт престанал да прави перации дури во 74 година, дури две години подоцна отколку што налага законот,а до својата 95-година предавал на универзитет и бил ментор на младите лекари во текот на големи операции, а кога требало, помоагал.

И ден денес за ништо не му е потребна туѓа помош, се работи сам без проблеми, дворот го уредува и по 10 часа дневно, се качува низ степеници без тешкотии, избегнува лифтови, дури не се потпира на стап.

Пензионерските денови ги поминува во друштво на 14  години помладата Барбара, која ја запознал во далечната 1948 година во болницата во која работел како шеф на хирургија, а таа била на пракса за медицинска сестра.

„Кога еднаш излегов со него, млади мажи повеќе не ме привлекуваа“ - признава Барбара, која имала 21 година кога го запознала Елсворт. Од бракот долг 60 години имаат пет деца - четири сина и една ќерка, како и осум внуци.

Докторот Елсворт Ворхем верува дека тајната долговечност е во правилната исхрана и активен живот.

„Ако имате холестерол близу до долната граница, мали се шансите да доживеете срцев удар. Јас воопшто не би се вознемирил ако почуствувам болка во градите, би знаел дека не е ништо“ - вели Елсфорт.

Тој смета дека за неговите навики е заслужен интересот за медицната.

„Секогаш се ме интересирало да истражам, дури и сега. Се занимавам помалку и со тоа, но повеќе не проучувам. Уживам во животот“ - заклучува 100-годипниот лекар.