20 Декември, 2025
0.0977

Доларот со пад, нафтата – со нов силен раст!

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2016 13:54

Добивај вести на Viber

Доларот се тргува врз негативните податоци од САД за продажба на трајни добра.

Нарачките на трајни стоки се намалија за 5,1% за декември поради првичните прогнози на економистите кои беа дека падот ќе биде само од 0.7%.

Како резултат на тоа доларот отстапи во однос повеќето водечки валути. Индексот на доларот се намали за 0,42 отсто до 98.51. Еврото успеа да поскапе, насочувајќи се кон клучниот отпор при 1.0973. Пробивот на ова ниво може да ја испрати единствена валута кон октомвриските нивоа од 1.135.

Двојката USD / JPY поскапе до 120.73 по одлуката на Јапонската централна банка да ја намали основната каматна стапка до негативна територија на -0.1%.

AUD / USD успеа да поскапе со 0,64 отсто, достигнувајќи 0.7084. Следна спротивност пред австралискиот долар е 0.715. Пробивот на ова ниво може да ја однесе цената кон следната цел од 0.735.

Британската фунта го искористи поскапувањето на нафтата и успеа да порасне. Клучно ниво на спротивност пред британската валута е 1,45.

Канадскиот долар исто така се насладува на поскапувањето на црното злато, а сега се обидува да ја тестира силната поддршка кај 1.4. Пробивот на ова ниво значи дека следната поддршка за двојката USD / CAD ќе е 1.381.

И покрај слабиот долар, златото запиша пад, откако инвеститорите го собраа профитот. Цената на благородните метали се намали до 1114 долари за унца. Клучно ниво на спротивност за металот е пределот околу 1136 долари.

Среброто продолжува со лошото претставување, овој пат забележа пад од 1,7%, достигнувајќи 14.30 долари. Прво ниво на поддршка се јавува зоната околу 14.25.

Платината го следеше негативното претставување на благородните метали и исто така затвори на црвена територија. Металот се намали за 1,5 отсто, паѓајќи до 865.50 долари за унца.

Перспективите пред економскиот раст продолжуваат да вршат силен притисок врз основните метали. Од Barclays изјавија дека побарувачката на бакар ќе расте со најспоро темпо од 2 децении.

Нафтата ја заврши трговијата со раст. Основна причина за поскапувањето беше веста за можно намалување на производството на нафта од ОПЕК. Како резултат на тоа црното злато се зголеми за речиси 5% до 33.3 долари за барел, а брентот поскапе со 4,5%, достигнувајќи 33.9 долари.

Можеби ќе ве интересира

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?