„ДОЛУ ЗНАМИЊАТА БРЕ АЛО, ПРЕД КАМЕРИТЕ НИ ЕДНО ЗНАМЕ“ - што всушност сакаше да постигне Груби
Објавено во: Македонија 22 Април, 2024
Вчерашниот митинг на ДУИ кој се одржа во главниот град беше интересен по многу нешта, па и по фактот што Артан Груби проговори на македонски јазик, барајќи знамињата развиорени на плоштадот да не се гледаат пред камерите на телевизиите кои дошле да го проследат тој настан.
„Долу знамињата, долу! Tргнете се, бре. На десно, пред камерите ниедно знаме!, викаше Артан Груби на албански и на македонски јазик, на митингот на ДУИ во Скопје“, објави ТВ 21 на македонски на својата фејсбук страница.
Дел од коментаторите на политичките збиднувања во земјава ја отворија дилемата дали Груби сакал со ова да се сокрие пред телевизиските камери дека на митингот не беше развиорено нитуи едно официјаклно знаме на македонската држава, но затоа имаше бројни албански знамиња, како и знамиња на туѓи држави, на САД, Турција и на други земји, или, пак, можеби сакал знамињата да не им пречат на камерите, со цел да се видат лицата на функционерите на ДУИ и на коалициските партнери?