03 Мај, 2024
0.0306

Дом за 312 семејства во досега најголемата социјална зграда

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Социјалната зграда во Бутел, кој е најголем објект од овој тип почнат во последните 20 години ќе овозможи дом на 312 семејства од социјално ранливите категории граѓани. Увид во диманиката на изградба извршија  новоизбраниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски и Генералниот директор на АДСДП Кристијан Трајковски.

Според Трајковски, во почеток на градба се уште 3 социјални згради  за ваква намена- во Демир Капија, Гевгелија и во Велес, а до крај на годината ќе бидат завршени постапките за 3  социјални згради во Прилеп, Штип и во Кочани.

Министерот Бочварски најави дека со сериозна динамика ќе продолжи искористувањето на капиталните инвестиции бидејќи во време на Ковид криза, кога се намалени јавните потрошувачки , државата треба да дада се од себе да ги реализира капиталните инвестиции. Потенцираше дека сите средства што се предвидени за  станбена изградба од ваков тип се реализирани,  а  во интерес на побрза динамика, доколку е потребно,  најави дополнување на средствата со првиот ребаланс на буџетот.Во моментов, низ  државата се градат над 500 вакви станови, од кои 312 се во зградата во Бутел

Генералниот директор Кристијан Трајковски посочи дека и покрај последиците од вирусот Ковид- 19, АДСДП нема застој во делот на продажбата на комерцијални станови. „Напротив, сите залихи на станови се сведени на минимум, во тек е изградба на две комерцијални градби во Аеродром, ќе почнеме уште неколку комерцијални градби следната година. Комерцијалните станови во Аеродром се продадоа уште во фаза на градба со просечна цена од 850 евра по м2’’, изјави Трајковски, најавувајќи дека АДСДП ќе продолжи да биде регулатор на цените на пазарот за продажба на станови.


Можеби ќе ве интересира

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи