04 Мај, 2024
0.0294

Домаќинско осигурување - осигурителна заштита на домот како една од најважните животни инвестиции

Објавено во: Македонија 23 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Домот е јадрото на секое семејство и наше најбезбедно прибежиште во животот. Имајќи го тоа предвид, како и фактот колку е потребно да се стигне до сопствен дом по мерка на вашето семејство, јасно е дека сигурноста на домот претставува еден од врвните приоритети на секој човек.

Сепак, незгодите и непредвидените ситуации не се реткост и се случуваат многу почесто отколку што можеме да замислиме. Ништо не може да се предвиди, но домот може целосно да се заштити со соодветно осигурување. Токму поради тоа, домаќинското осигурување претставува една од најмудрите и најважни инвестиции во поглед на заштитата и сигурноста на домот.

Кроација осигурување нуди различни пакети за домаќинско осигурување, согласно потребите на секој клиент. Во основниот пакет е опфатен широк опсег од ризици и тоа од пожар, удар од гром, експлозија, молња, град, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација, излевање вода од водоводни и канализациски инсталации и од уреди и цевки од топловодни инсталации, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, провална кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување.

Стандардниот пакет, покрај ризиците од основниот пакет дополнително ги содржи и следните осигурени ризици: излевање вода од водоводни цевки и канализациони инсталации, поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земјата, кршење стакло на прозорците и вратите на станбениот објект.

Третиот пакет на домаќинско осигурување е премиум пакетот, кој покрај ризиците од стандардниот пакет, дополнително опфаќа и излевање вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање на дрво, вандализам, кршење на стакла за застаклени балкони, кршење на санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи, промена на брава и изработка на нови клучеви во случај на изгубени или заклучени клучеви. Овој пакет на осигурување содржи и ситни поправки во домот максимум два пати за времетраење на полисата и во максимален износ од 6.000 МКД.

Домаќинското осигурување на Кроација е вклучено и во сите CROпакети со кои се обезбедува дополнителен попуст на годишната премија. Поволноста кај CRO START, SMARTиSUPERIOR пакетите е што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања, па секој може да најде најповолен пакет за своите потреби. Покрај домаќинското осигурување, во CRO пакетите е опфатено и осигурување на патнички возила, осигурување од незгода, како и здравствено осигурување.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите