26 Април, 2024
0.0260

Донирани преку 330 новогодишни подароци за 12 социјално загрозени семејства во хуманата акција на Сити Мол

Објавено во: Мои пари 06 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Новогодишната хумана акција „12 елки – 12 медиумски приказни“ која започна на 18 декември во Сити мол, вчера беше успешно заокружена. Во акцијата се вклучија 12 познати македонски медиуми со цел да помогнат на 12 социјално загрозени семејства со повеќе деца. Во акцијата беа донирани од граѓаните повеќе од 330 подароци. Секој медиум имаше своја елка под која граѓаните можеа да донираат подароци за овие семејства.

Изминативе, речиси три недели граѓаните покажаа хуманост на дело и сочувство за вкупно 40 дечиња од 12 семејства со цел да ги развеселат и стоплат нивните срца во овие студени зимски денови. Она што е уште поголем куриозитет е што во акцијата се вклучија, не само граѓани, туку се разбуди свеста за хуманост и кај повеќе компании, здруженија и невладини организации, кои излегоа во пресрет. Медиумите ги однесоа собраните подароци под своите елки до семејствата, а среќата на лицата кај децата е речиси неописива. Покрај новогодишни подароци беше донирана и неопходна облека, лекови, хранливи продукти за децата, а некои одеа и дотаму што донираа и покуќнина за домовите. 

Во хуманата кампања беа вклучени од национални телевизии, преку веб портали до радио станици, како Телевизиите: Тв Телма и Тв21, порталите: Сакам да кажам, МКД, Женски магазин, Фактор, Риборн, Мак Мода, Оффнет, А1он, Емагазин и Сити радио. Секој медиум одбра социјално загрозено семејство со повеќе дечиња се со цел им ги дообојат овие празнични денови.

Благодарност до сите оние кои покажаа огромна хуманост и човечност и без чија поддршка  оваа акција немаше да има ваква успешна завршница.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет