06 Мај, 2024
0.0428

Доверливост што злато вреди - бонусите на специјалните по 2.440 евра месечно

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Ќе станат ли до скоро едни од главните јунаци во македонската јавност - едно од нивните најголеми разочарувања.

Платформата Отворени финансии говори дека нивниот бунус за доверливост како да вредел злато, толку многу им се плаќало по тој однос на поранешните специјални, а сега пак редовни обвинители.

Покрај поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, и другите нејзини колеги не биле за жалење кога се во прашање бонусите. За време на нивниот мандат, и тие добро се „нафатирале“. Најплодна година за сите обвинители била ланската, пишува телевизијата Алфа.

Најмногу се „офајдила“ обвинителката Елизабета Јосифоска. Освен редовната плата, таа земала дури 107 илјади евра дополнителни пари како надоместоци. Фамозниот бонус за доверливост за неиздавање важни информации од бомбите кој е класифициран како „Други договорни услуги“, им се исплаќал на сите обвинители речиси подеднакво и годинава заклучно со августовската исплата изнесувал 2.440 евра месечно. Да потсетиме, Катица Јанева по овој основ земала 4.000 евра месечно. Таканаречениот бонус за доверливост стартувал од, за обвинителите скромни, а за јавноста енормни 1.140 евра месечно. Од септември 2016-та, бонусот пораснал на 1.500 евра, за од октомври 2017-та да се зголеми на 2.440 евра месечно.

Втора на листата е обвинителката Лиле Стефанова. Освен редовната плата, таа земала дури 94 илјади евра бонуси од СЈО. Износот на бонусите за доверливост се исти како и кај Јосифоска.

Во топ три обвинители со највисоки бонуси се вбројува и Бурим Рустеми. Тој вкупно инкасирал нешто над 90.000 евра. 

Покрај бонусите, тие примале додатни пари за кирија, или за превоз до Скопје.

Фатиме Фетаи заработила над 87 илјади евра за 4 години, но само за да молчи за информациите од бомбите. Фетаи не примала надомест ниту за кирија, ниту пак, за патни трошоци. Слични суми на име бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 86.234 евра, односно 85 илјади евра. И двајцата, исто како и обвинителката Фатиме Фетаи, добивале надомест само за доверба, но не и за сместување во главниот град.

Ленче Ристоска, секоја година добивала иста сума за бонуси како и другите обвинители, но вкупно инкасирала 72.520 евра, само затоа што таа, за разлика од другите, не добила еднократен бонус за доверливост во последниот месец од 2015-та година.

Сите додатоци на поранешните специјални обвинители, освен платата, се јавно достапни на платформата „Отворени финансии“, која Владата ја промовираше пред неколку дена.


Можеби ќе ве интересира

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните