ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ПУТИН: НАТО се обидува да не вовлече во војна!
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2017
НАТО постојано се обидува да ја вовлече Русија во судир, вели рускиот претседател, Владимир Путин.
Путин за Раша тудеј додал дека државите членки на НАТО продолжуваат да се мешаат во внатрешните работи на Русија.
Вели дека целта е да се дестабилизира неговата земја.
„Една од тие закани е новата официјална мисија на НАТО да ја заплаши Русија. Константно нè провоцираат, се обидуваат да нè вовлечат во судир“ – рече Путин.
Смета дека глобалната безбедност не е подобрена, туку дека ризиците се зголемени.
Путин рече дека крвопролевање уште има на Блискиот Исток, во дел од африканските и азиските земји, а терористите се помогнати од одредени земји.