03 Мај, 2024
0.0239

Друштвата се отвораат за инвеститори: Одобрени две јавни емисии на акции

Објавено во: Финансии 19 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Две јавни емисии на хартии од вредност одобри на последната седница, Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија (КХВ), соопштија денеска оттаму. Станува збор за емисии на „Вардар“ АД Градско и  на „Црвени Брегови“ АД увоз-извоз. Со ова, двете друштва за прв пат се отвораат пред широката инвеститорска јавност. 

Од КХВ соопштуваат дека Комисијата за оваа година утврдила сет стимулативни мерки за афирмација на примарниот пазар на хартии од вредност. 

„Имено, воведен е промотивен концепт „ 0 денари административни трошоци за иницијалната јавна понуда“ или со  други зборови  друштвата се ослободени од надоместокот кој досега ѝ го плаќаа на Комисијата, а тим на КХВ е достапен за помош при подготовка на проспектите и другата потребна  документација, со што е олеснет патот до иницијалната јавна понуда, стои во соопштението од седницата.

Друштвото за производство и промет со земјоделски и сточарски производи „Вардар“ АД Градско со  втората емисија ќе издаде 1.265.423 обични акции со продажна цена по акција од  315 денари, а Акционерското друштво за земјоделско производство и трговија „Црвени Брегови" АД увоз-извоз 56.177 обични акции со продажна цена од 3.145 денари.

Вкупната вредност на двете емисии е 575.284.935 денари или 9.355.048 евра, што значи дека се зголемува берзанскиот материјал за тргување.

При запишувањето и распределбата ќе се применува моделот на фиксна цена со примена на принципот на приоритет на поголема количина и порано време на внес на налогот во БЕСТ системот. И двете јавни понуди ќе се сметаат за успешни, доколку се запишат и уплатат најмалку 60 проценти од понудените акции.

Од Комисијата за хартии од вредност велат дека ги охрабруваат друштвата да го користат пазарот на капитал како извор на финансирање на нивното работење и во иднина е подготвена за поддршка и помош во процесот на „отворање за јавност“ односно издавање хартии од вредност по пат на јавна понуда.


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата