08 Мај, 2024
0.0311

Друштво Илинден: Се докажа дека Македонците во Албанија не се Бугари

Објавено во: Балкан 14 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана преку соопштение го поздрави усвоениот предлог – закон за малцинства од страна на владата на Република Албанија во кој за национални малцинства во Албанија се прогласуваат: Македонците, Грците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите.

- Ова е чекор напред и правна рамка за остварување на други права. Предлог-законот за заштита на националните малцинства набрзо ќе се најде на дневен ред во парламентот. Ги повикуваме политичките парти едногласно да го усвојат – се вели во соопштението на Македонско друштво „Илинден“.

Во предлог-законот за заштита на националните малцинства, се декларира дека Албанија како национални малцинства во земјата ги признава македонското, грчкото, влашкото, ромското, црногорското, српското, бошњачкото и египќанското малцинство.

Тој, како што велат од здружението, значи дека во Република Албанија нема Бугари, бидејќи официјална Тирана со законското решение за малцинствата во Албанија не признава бугарско малцинство.

Ова законско решение за прв пат се усвојува во Албанија, и тоа по барање на Брисел, во насока на интегрирање на земјата во институциите на ЕУ.

Владата соопшти дека со овој закон фактички се утврдуваат правата на малцинствата во согласност со Уставот на земјата, како и меѓународната Конвенцијата во рамките на Советот на ЕУ за заштита на малцинските права, ратификувана во 1999-та година.


Можеби ќе ве интересира

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ПРЕСТАНУВАМ ДА ПИШУВАМ, БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ ПОСВЕТАМ НА ЛЕКУВАЊЕТО“ - Ведрана Рудан има рак, веста ја објави на својот блог

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака

„ДЕНЕСКА ТРЕБАШЕ ДА ЈА ДУВАМЕ СВЕЌАТА НА ТВОЈОТ ВТОР РОДЕНДЕН, НАШЕ НАЈМИЛО МАЛЕЧКО“ - таткото на Данка со потресна порака