02 Мај, 2024
0.0270

ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖИ НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР ЗА 16 МИЛИОНИ ЕВРА - издадена 15 годишна обврзница со камата од 3,1 отсто

Објавено во: Финансии 19 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Додека сите најави одеа во насока дека Владата ќе се задолжи во странство, и тоа на прилично голема сума, таа пред неколку дена издала домашна обврзница, на износ од 16 милиони евра.

Станува збор за 15 годишна домашна обврзница, со каматна стапка од 3,1 отсто, издадена од Министерството за финнии.

Оваа државна обврзница од вчера веќе котира и на Македонската берза, за што Берзата извести на својата веб страница.

„Ве известуваме дека согласно Барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 18.05.2022 година, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики“, се вели меѓу другото во известувањето од Берзата.

Како што се потенцира, вид на државни хартии од вредност кои ќе котираат, ќе бидат државни обврзници без девизна клаузула, а вредноста на емисијата е 974.120.000 денари, или 15,83 милиони евра. Бројот на издадени хартии од вредност е 97.412, а номинална вредност на една обврзница е 10.000 денари.

Оваа државна обврзница била издадена на 12 месецов, а датумот на нејзиното достасување ќе биде 12 мај 2037 година.

Каматната стапка е 3,1 отсто.

Државата кога се задолжува на домашниот пазар обично во тие државни хартии од вредност вложуваат домашните банки или институционлните инвеститори, на пример фондови. 

Пред неколку дена, во телевизиско гостување премиерот Димтар Ковачевски, рече дека зголемувањето на дефицитот во Буџетот и потребата од дополнителни средства за негово покривање се појави и во нашата земја, како и кај сите држави, затоа што во буџетското планирање за 2022 година не беа вклучени зголемените цени на енергенсите и другите стратешки производи кои беа предизвикани поради војната во Украина.

„Поради тоа Министерството за финансии, заедно со Народната банка на државата многу одговорно пристапија кон финансирање на тој дефицит со обезбедување средства по најниска цена. И во вакви услови постојат различни можности за финансирање според најповолна цена за државата”, нагласи премиерот Ковачевски.

Во однос на Меѓународниот монетарен фонд, тој рече дека ние секоја година имаме разговори со ММФ, но дека не се разговара за аранжман со таа меѓународна финансиска институција.

„Не се разговара за аранжман со ММФ, туку за користење на еден од инструментите до кои се стекнува пристап само врз основа на позитивна оценка која што веќе ја даде ММФ. Се разговара и со други институционални инвеститори заради намалување на цената на финансирање на капиталот. Штом Министерството за финансии ќе заврши со сите разговори, вклучувајќи ги оние кои се водат со Светска Банка, како и со други потенцијални инвеститори, ќе биде јасно за колкава сума станува збор и таа ќе биде вклучена во ребалансот на буџетот, кој кога ќе биде подготвен ќе биде поднесен на усвојување во Собранието”, потенцираше премиерот Ковачевски.

Инаку, претходно дел од медиумите објавија дека земјава ќе бара кредит од ММФ од 900 милиони евра, но таа сума се уште не е потврдена од властите.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција