29 Април, 2024
0.0292

ДРЖАВАТА ЗАБРЗАНО ГИ ПОЛНИ РЕЗЕРВИТЕ СО ПЧЕНИЦА, САМО ВЧЕРА СКЛУЧЕНИ ДОГОВОРИ ЗА НАД 4 МИЛИОНИ ЕВРА - се исплашивме ли од нуклеарка и дали не е доцна

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Државата во последниве два три месеци забрзано ги полни стоковите резерви со пченица. Тоа го покажуваат две веб страници, една е онаа за е-набавки, а другата е платформата Отворени финансии, која говори кои и колку исплати се направени од државни органи, и кон кои компании.

Всушност, набавките на пченица ги врши Агенцијата за стокови резерви, и тоа склучувајќи договори по јавни повици со компании кои се занимаваат со производство и трговија на овој производ.

Од овие сајтови може да се заклучи дека во текот на првите седум месеци од годинава државата не се „потресувала“ воопшто околу застрашувачките најави кои ги предизвика војната во Украина во врска со недостигот од храна во светот, а со тоа и во регионот и во земјава, но затоа почнала сериозно да ја сфаќа работата веќе во август, кога се и склучени значајни договори за набавка на пченица за Агенцијата за стокови резерви, на милионски износи. Токму во овој период, главно во август и во последниве два месеци, биле направени и најголемите исплати кон неколку компании од земјава кои работат со овој стратешки важен производ.

Прашањето за тоа како ќе се прехраниме зимава датира уште од крајот на февруари кога почна војната во Украина, но и кога беше блокирана украинска пченица кај Одеса, за која потоа се најде решение. Сепак, тогаш од државната Агенција за стокови резерви изјавуваа дека дежавните резерви се полни и можат да ги задоволат потребите на населението за одреден период, иако точно не кажаа со колкави количини располагаат. Во тој период не биле вршени речиси никакви набавки на овие основни производи, но тие засилуваат во последниов период, почнувајќи од август наваму.

Исто така, цените на пченицата постојано растат на светските берзи, што доведе до енормно поскапување на лебот и на белите печива на македонскиот пазар.

А, веројатно и овие набавки и исплати се засилени и поради фактот што во последниов месец, а особено во последниве неколку дена, светот како никогаш досега е под сериозна нуклеарна закана, што исплаши и многу помоќни држави од нашата.

Па така, според сајтот е-набавки, Агенцијата за стокови резерви токму вчера склучила договор со компанијата Млин Аргулица од селото Карбинци, за набавка на 5.000 тони меркантилна пченица-рефус, со вкупна сума од близу 129 милиони денари, или 2,1 милиони евра.

Претходно со оваа фирма Агенцијата за стокови резерви има склучено договор на почетокот на август, на сума од близу два милиони евра, кога се набавувал јачмен за сточна храна од пет милиони килограми.

А, претходно, пак, во текот на цела оваа година, со оваа компанија не биле склучувани договори од Агенцијата за стокови реерви.

Исто така вчера, Агенцијата за стокови резерви склучила договор за набавка на меркантилна пченица со компанијата Кокра-е Арт од тетовското село Порој, и тоа за 5.000 тони од овој производ, за кој е договорена вкупна сума од 2,1 милиони евра.

Агенцијата со оваа компанија склучила договор и на крајот на август на сума од 2,2 милиони евра, исто така за 5.000 тони меркантилна пченица.

Претходно во текот на годинава, пак, со оваа компанија не биле склучувани никакви договори.

А, на крајот на август, Агенцијата за стокови резерви со која раководи Реси Абдурахмани, склучила договор и со компанијата Агроглобал, и тоа повторно за набавка на меркантилна пченица за стоковите резерви, и тоа пет илјади тони, а вкупната сума на овој договор изнесува 2,2 милиони евра.

Претходно договор со оваа фирма е склучен во сега далечната 2020 година.

Ова покажува дека всушност државарта на полнење на стоковите резерви почнала да работи во последниве три месеци, за што е предвидена сума од над 10 милиони евра, пари од кои дел веќе се исплаќаат кон фирмите снабдувачи.

А, веќе течат и исплатите кон дел од овие компании, по основ на договорите за јавни набавки за пченица.  

Па така, од Агенцијата за стокови резерви, Млин Аргулица добие најголема поедничена сума на 12 август, и тоа 1,75 милиони евра, додека, пак, Кокра во септември за еден ден само зела 1,54 милиони евра.

Агроглобал, пак, пред само неколку дена, на 6 октомври, бил искеширан со 1,22 милиони евра, а во септември кон оваа фирма имало и исплата од безмалку еден милион евра.

Помали исплати исто така во овој период имало и кон овие три компании.

Дали е ова навремено или задоцнето полнење на стоковите резерви, најдобро е никогаш да не дознаеме и да не се случат никакви работи од кои стравува целиот свет, а населението да има нормално снабдување со овој стратешки производ.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега