29 Април, 2024
0.0258

Државните институции со скриен долг од 22 милијарди денари-Охрид, Тетово и Карпош со најголеми долгови

Објавено во: Економија 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

22 милијарди денари или 363 милиони евра . 

Ова е сумата на скриените неплатени обврски кои ги има државата а за кои денеска јавноста беше информирана од новиот финансиски министер Тевдовски.

Неплатените обврски на буџетските корисници изнесуваат 5,1 милијарди денари, на фондовите – 30 милиони денари и на локалните установи финансирани преку блок-дотации – 833 милиони денари

Овие бројки не влегуваат во вкупниот јавен долг на државата, туку станува збор за преземени неплатени обврски, соопшти министерот кој посочи дека најголем долг има во областа на културата, во износ од 2,4 милијарда денари. Таму неплатените обврски се за изградбата на салата на Филхармонија, Драмски театар, објектот на Музеј „Мајка Тереза“ и театарот во Велес.

Неплатените обврски на јавните здравствени установи, изнесуваат 3,2 милијарда денари. Најголеми се долговите на Институтот за трансфузиона медицина (283 милиони денари), Градска болница „8 Септември“ (226 милиони денари), Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (201 милиони денари).

„Јавните претпријатија имаат неплатени обврски во износ од 6 милијарди денари. Најголеми се во „МЖ Транспорт“, која должи 2,439 милиони денари, МЕПСО (977 милиони денари) и „Македонија пат“ (779 милиони денари), која должи врз основа на неплатен данок“, додаде Тевдовски.

Што се однесува до долговите на општините најголем должник е Охрид. 

4,6 милијарди денари изнесуваат неплатените обврски на општините од кои Охрид должи 719 милиони денари, Општина Тетово - 499 милиони денари и Општина Карпош - 476 милиони денари.

„Дозволете да ја информирам јавноста дека Министерството за финансии во моментов договара со Светска банка проект за справување со овие обврски и развивање на механизми за нивно спречување во иднина.

Дополнително, Министерството за финансии започна да се подготвува за надоградба на софтверот со цел неплатените обврски да бидат систематски евидентирани, односно, да може да се гледаат во реално време“, посочи на крај министерот.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка