ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија
Објавено во: Македонија 30 Април, 2024
Oд ДУИ велат дека вокабуларот како оној на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е агенда на Москва и на рускиот претседател Владимир Путин.
Обвинија дека Мицкоски и партијата дезинформираат.
„Свесен и исплашен дека нивните слуги од албанската опозиција ќе претрпат длабок пораз, Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи предизвикувајќи страв од дестабилизација на ситуацијата, која е желба и главна цел на проруските центри во Северна Македонија. Во оваа прилика, ДУИ и Европскиот фронт ги повикуваат граѓаните, без разлика на етничката припадност, да не станат плен на измислици и поттикнување меѓуетничка омраза, бидејќи вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин, кои сакаат да ја дестабилизираат Северна Македонија посебно, а и регионот во целина“, велат од ДУИ.
Потсетуваат на мислењето дека кога ДУИ организирало избори во последните години, тие секогаш биле слободни, демократски и меѓународно прифатени.
Мицкоски претходно обвини дека лице блиско до лидерот на ДУИ, Али Ахмети координира вооружена група која се движи на територија на општините Бутел и Чаир.