ДУИ сепак ќе ги мери силите на избори
Објавено во: Македонија 03 Март, 2019
Демократската унија за интеграција на денешната седница во Тетово едногласно донесе одлука за учество на вонредните локалните избори што ќе се одржат заедно со претседателските.
Со тоа ДУИ ќе мора да ги одмери силите со албанската опозиција, иако одредени мненија тврдеа дека не сака директно да се соочи на парламентари и претседателски избори поради страв од загубен рејтинг кај гласачите.
Владиниот коалиционен партнер ќе учествува на локалните избори во Дебар и Охрид, додека нема таков интерес за Ново Село. Овие окални управи треба да добијат нови градоначалници, откако двајца починаа во меѓувреме а еден си даде оставка.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, предложи Централниот изборен штаб да го основа потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, додека Централниот совет едногласно ја поддржа одлуката.
Централниот совет, исто така, едногласно го поддржа концептот на заедничкиот консензуален кандидат и кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата.
Советот одлучи и Собранието на Форумот на Жени на ДУИ да се одржи на 14 април во Скопје, додека Собранието на Младинскиот Форум на ДУИ да се одржи во Тетово. Процесот на регистрација на членството ќе започне веднаш и ќе трае до крајот на месец март.