03 Мај, 2024
0.0286

Дулови: ДУИ победи со консензуалниот кандидат, а опозицијата стратешки погреши

Објавено во: Македонија 06 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Неколку клучни поенти може да се изведат од вчерашните претседателски избори на кои победи Стево Пендаровски, а тоа се дека ДУИ одигра значајна улога во обезбедување поддршка во мнозинско албанските средини, додека пак албанската опозицијата направи сопствена пресметка да оди на тивок бојкот надевајќи се дека изборите нема да успеат или дека власта и така нема да освои премногу гласови дури и да победи. Со новинарот Лирим Дулови, анализираме како Пендаровски дојде до победата, што таа ќе значи за позициите на ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА. Исто така се осврнуваме и на резултатот на Гордана Силјановска Давкова која поддржана од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не успеа да освои гласови од Албанците. Што тоа во иднина ќе значи за опозициската партија и дали тоа ќе им биде лекција дека не може да победат доколку не ја вратат довербата од албанските граѓани во Северна Македонија.

Што според вас му овозможи на Стево Пендаровски да победи во вториот круг на претседателските избори. Дали овој пат ДУИ вложи поголем напор да обезбеди гласови кои видливи во населените места каде има мнозинство албански граѓани, но и во етнички мешаните средини?

Дулови: Сите помалку. Несомнено партиите што застанаа зад Пендаровски, во вториот круг беа дополнително мотивирани и ангажирани.  Тука несомнено битна улога одигра и ДУИ, која со победата на Пендаровски, издвои победа и за својот концепт, попознат како консензуален кандидат. А Пендаровски беше токму тоа, и несомнено тоа го забележаа самите албански гласачи кои масовно гласаа за него.

Како овој резултат, кој може да се каже дека е победа и за ДУИ ќе се одрази врз албанската опозиција во Северна Македонија. Алијансата за Албанците и БЕСА во вториот круг практично и да не учествуваа воопшто и не дадоа поддршка за ниту еден кандидат, единствен професорот Река повика неговите гласачи да излезат и да придонесат во исполнување на цензусот?

Дулови: Опозицијата кај Албанците направи стратешка грешка во случајот. Тие паднаа на провокациите од власта која им ги одзема ингеренциите во образованието на општина Гостивар, поддршката што СДСМ им ја даде на кандидатите на ДУИ на минатите локални избори во Струга, Гостивар, Тетово и во други општини во Македонија. Нивната пасивност на вториот круг беше со намера да се одмаздат, но мислам дека згрешија. Сепак според мене, тие требаше да се одважат и да се издигнат над намерите за дискретен политички реваншизам кон ДУИ и СДСМ, затоа што изборот на вториот круг беше многу лесен за нивните гласачи меѓу запад и исток. Добро е што Блерим Река во последен момент индиректно ги насочи своите гласачи како да се однесуваат.

Дали во оваа фаза Алијансата за Албанците и БЕСА стравуваат да направат соработка или коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, дали тоа негативно ќе се одрази врз нивните позиции се додека партијата предводена од Мицкоски не покаже дека повторно ја заслужува довербата од Албанците?

Дулови: Со вакво ВМРО која уште не го менува курсот кон Албанците невозможно е да се најдат Албанци кои би можеле да имаат политичка соработка со оваа партија.  Кандидатурата на Силјановска која кај Албанците освои многу помалку гласови отколку што Блерим Река освои кај македонските гласачи, е уште една потврда дека ВМРО не сака да излегува од таа матрица каде Албанците се дежурни виновници и со таа реторика ги подгреваат меѓуетничките страсти до степен на таква нетрпеливост што може да ја доведе под прашање стабилноста во државата. Мора да сфатат конечно дека треба да го сменат овој однос.

Ќе очекува ли ДУИ сега возвраќање на услугата од страна на СДСМ за некои следни избори или пак доделување на некоја нова висока државна функција на нивната партија со што Ахмети ќе може да се пофали дека издејствувал и се изборил за ново институционално унапредување на Албанците?

Дулови: Не верувам дека постоел некој конкретен пазар за поделба на некои места. Победата на ДУИ е во победата на концептот -консензуален кандидат- кој успеа да го убеди и да го подржи Заев и СДСМ. Од многуте кандидати на СДСМ за претседател, единствено Стево Пендаровски одговараше на тој концепт.

Можеме ли да претпоставиме дека со ваков резултат ВМРО-ДПМНЕ иако не победи Силјановска Давкова да побара и да притиска за предвремени парламентарни избори, бидејќи нивната реторика ќе биде дека победиле во средините каде живеат мнозинство Македонци?

Дулови: Неспорен е фактот дека ВМРО закрепнува, или кажано подобро, поради многу пропусти на Владата, СДСМ изгуби дел од своите гласачи, што можеби е нормално поради тешките политички одлуки во однос на името и договорот со Бугарија. СДСМ доби јасна порака уште во првиот круг дека треба да испорачаат конкретни резултати за подобар живот на граѓаните. Но пак ќе кажам, се додека ВМРО се обидува сама против сите да дојде на власт, секое подобрување на нивниот резултат ќе биде недоволен тие да дојдат на власт. Тоа беше случај на последните парламентарни избори, тоа беше случај и со изборот на претседател. Да зависеше се само од СДСМ и ВМРО, Силјановска ќе беше претседател. Но за среќа, тоа не го дозволија претежно албанските гласачи кои спречија за претседател да биде избран човек кој дели и кој сакаше да не врати назад, во време на несигурност и омраза.

Што после ваков пораз на Силјановска Давкова може да направи ВМРО-ДПМНЕ за да го врати коалициониот потенцијал со албански партнер?

Дулови: ВМРО треба да се откаже од досегашната тактика на регрутирање на гласачи преку антиалбанска реторика. Треба да се свесни дека нивниот концепт Македонија на македонците пред се, па после и на сите останати, е погрешен концепт оти е неприроден. Тие ќе бидат вечни губитници се додека во нивните глави граѓаните на оваа држава ги делат на домаќини и гости, и тоа поради нивната етничка или религиозната припадност. Таквата политика ја дестабилизира државата и носи несигурност не само по нас, туку и по стабилноста на регионот.

И Второ, ВМРО треба да се врати на прозападниот курс. Секое понатамошно нивно негирање и непризнавање на Преспанскиот договор, во иднина ќе се сфати како директно противење на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ. 


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ