05 Мај, 2024
0.0247

Дури 6.888 работодавачи не исплатиле февруарска плата: За поголем дел криви се пратениците

Објавено во: Економија 02 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Вкупно 6.888 работодавачи исплатиле плата за февруари годинава. Причина е финансиската неможност на фирмите да исплатат плати поради кризата, дел од тие работодавачи чекаат на помошта од петтиот пакет мерки кој е заглавен во Собранието. 

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска рече дека за тој месец пресметка за плата е доставена за 63.948 работодавачи, но од нив овие 6.888 воопшто не подилеле плата. За тие за кои ќе се увиди дека не исплатувале и претходните месеци и има оправдана причина ќе се достават опомени но и блокирања, за останатите ќе има толеранција само поради неусвоениот пакет мерки во кој е предвидена и субвенција за исплата на платите за месеците февруари и март. 

„Доставени се опомени, телефонски се контактираат, за тоа како може да се изменаџираат. Толеренцијата ќе зависи од моментот кога ќе се донесат економските мерки. Онаму каде се утврдени злоупотреби и каде сме утврдиле дека не исплаќале плати ќе има санкции, рече Лукаревска.

Таа денеска на прес конференција зборуваше за износот кој фирмите треба да го вратат од земените субвенции за исплатите на платите во минатата година со претходните пакети.

Таа истакна дека мерката финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плата за април, мај, јуни 2020 година ја искористеле 22.195 работодавачи во најмалку еден од овие месеци, во износ од 4.886.695.436 денари за исплата на плати за 143.646 вработени. За враќање на оваа финансиска поддршка, 18.851 обврзници, поднеле 20.693 барања, од кои 17.932 барања се комплетни. Од нив, 5.296 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, негативен искажале 11.502 обврзници, а 1134 обврзници искажале финансиски резултат нула денари. Според податоците од доставените барања, обврската за враќање на износ на искористена финансиска поддршка изнесува 814.134.379 денари или 17 отсто од вкупната доделена финансиска поддршка на правните лица по овој основ. За оваа мерка вкупно 2.405 самовработените лица поднеле 2 643 барања за враќање на финансиската поддршка, од кои 1.060 барања се комплетни. Од нив, 321 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, 728 обврзници искажале негативен, а 11 обврзници искажале финансиски резултат нула. Според податоците од доставените барања, обврска за враќање на износ на искористена финансиска поддршка е 19.210.275 денари или 15,8 отсто од вкупната доделена финансиска поддршка на самовработените лица по овој основ. Враќањето на пресметаниот износ треба да се изврши на тримесечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни 2021 година.

За претворање во грант на финансиска поддршка зa исплата на плати за месеците април, мај и јуни 2020 година поднесени се вкупно 1.993 барања, од 1.541 обврзници – правни лица, од кои 1 291 барања се комплетни, додека од страна на самовработените лица поднесени се вкупно 71 барање, од 69 обврзници, од кои 26 барања се комплетни. По овие барања ќе одлучува Управата за јавни приходи, по што даночните обврзници ќе добијат Решение за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант.

Финансиска поддршка на работодавачите за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за април, мај и јуни 2020 ја искористиле 2.136 работодавачи во износ од 117.421.694 денари за 14.561 вработени. За враќање на оваа поддршка поднесени се вкупно 2.077 барања, од 1.628 обврзници, од кои 1.082 барања се комплетни. Од нив, 408 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, 653 обврзници искажале негативен а 21 обврзник искажал финансиски резултат нула денари. Според податоците од доставените барања, обврзниците правни лица имаат обврска да вратат износ на искористена финансиска поддршка од 20.814.974 денари или 19 отсто од вкупната доделена финансиска поддршка на правните лица по овој основ.

Вкупно 337 самовработени лица поднеле 358 барања од кои 247 барања се комплетни. Од нив, 69 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, додека 176 обврзници искажале негативен а 2 обврзници искажале финансиски резултат нула денари. Обврска да вратат износ на искористена финансиска поддршка изнесува 1.354.156 денари или 16 отсто од вкупната доделена финансиска поддршка на самовработените лица по овој основ. Враќањето на пресметаниот износ треба да се изврши на тримесечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни 2021 година.
Финансиската поддршка плата за октомври, ноември и декември 2020, искористиле 14.646 работодавачи во вкупен износ од 3.028.270.262 денари, за исплата на плати за 75 790 вработени лица.

За враќање на оваа финансиската поддршка 13.204 обврзници поднеле 15.087 барања, од кои 12.190 барања се комплетни. Од нив, 2.800 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, 8.610 обврзници искажале негативен а 780 обврзници искажале финансиски резултат нула денари. Според податоците од доставените барања, обврзниците правни лица имаат обврска да вратат износ на искористена финансиска поддршка од 322.531.527 денари или 11отсто од вкупната доделена финансиска поддршка на правните лица по овој основ. Вкупно 1.997 обврзници - самовработените лица поднеле 2.216 барања, од кои 804 барања се комплетни. Од нив, 187 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, 605 обврзници искажале негативен финансиски резултат а 12 обврзници искажале финансиски резултат нула денари. Според податоците од доставените барања, самовработените лица имаат обврска да вратат износ на искористена финансиска поддршка од 10.809.441 денари или 10,6 проценти од вкупната доделена финансиска поддршка на самовработените лица по овој основ. Враќањето на пресметаниот износ треба да се изврши на тримесечни рати, без камата, во месеците октомври, ноември и декември 2021 година.

Финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физичките лица кои вршат самостојна дејност во месеците април, мај и јуни 2020, ја искористија 6032 СВД во износ од 258.201.500 денари, додека во месеците октомври, ноември и декември 2020 година, ја искористија 7510 СВД во износ од 318.394.080 денари.

За враќање на овие финансиски средства поднесени се вкупно 3. 274 барања, од 3.097 обврзници, од кои 2.644 барања се комплетни. Од нив, 731 искажале позитивен финансиски резултат пред оданочување за 2020 година, додека 1 883 обврзници искажале негативен финансиски резултат пред оданочување, а 30 обврзници искажале финансиски резултат нула денари. Според податоците од доставените барања, самовработените лица имаат обврска да вратат износ на искористена финансиска поддршка од 20.335.461,00 денари или 6.4 проценти од вкупната доделена финансиска поддршка на самовработените лица по овој основ. А истите ќе се враќаат три месечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни, 2021, односно во октомври, ноември и декември 2021 година.

Лукаревска потенцираше дека за реализација на овие мерки за поддршка на стопанството, државата одвои и исплати 8.350.781.472 денари или 135.344.918 евра, а обврската за враќање на примената финансиска поддршка е во износ од 1.209.250.778 денари или 19.598.878 евра, односно 14,5 проценти од вкупната исплатена финансиска поддршка.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години