ДВАЈЦА БРАЌА ОД 19 И 20 ГОДИНИ ИСЧЕЗНАЛЕ СО 3,6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - голема измама во светот на криптовалутите
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2021
Двајца браќа од Јужноафриканската Република (ЈАР) исчезнаа со 3,6 милијарди долари во криптовалутата биткоин.
Постои сомневање дека тие пари ги добиле со измама преку нивната компанија за инвестирање во криптовалути, пишува Блумберг.
Инвеститорите сега ја ангажирале адвокатска фирма од Кејп Таун, од каде изјавиле дека не можат да ги лоцираат браќата и дека случајот го пријавиле на елитната единица на националната полиција на Јужна Африка, пренесува Индекс.хр.
Овие луѓе имаат по 19 и 20 години.
По зголемувањето на вредноста на биткоинот во изминатата година, исчезнувањето на околу 69 илјади биткоини – вредни повеќе од четири милијарди долари – би биле најголемите изгубени пари некогаш во измама со криптовалути.
Овој инцидент може да ги поттикне напорите на регулаторите ширум светот да воведат ред на пазарот во услови на растечки број на случаи на измама.