05 Мај, 2024
0.0337

Двајца кои патувале во Италија, и соседи на заразените од Дебар се тестираат на коронавирус

Објавено во: Македонија 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

На Инфективна има седум пациенти, сите се со стабилна лесна клиничка слика, нема потреба никој од механилка вентилација, истакна министерот Венко Филипче пред малку на прес конференцијата.

Тој кажа и дека првата пациентка која беше заразена со коронавирус следните денови ќе биде пуштена дома поради здравствената состојба која покажува дека е веќе негативна на вирусот. Таа беше од регионот на Скопје и на возраст од околу 50 години.

Во овој момент, според кажаното од министерот Филипче дванаесет лица се тестираат на коронавирус на инфективната клиника.

Двајца од нив патувале во Италија, се вратиле пред пет дена а утрово развиле симптоми на грип, а се тестираат и осум лица од Дебар кои се соседи на пациентите кои веќе се на инфективната клиника со коронавирус со кои имале интензивни контакти .

Пациент со знаци на грип од Кочани кој патувал во Италија и еден пациент кој е испратен преку центарот за здравје во Прилеп, исто така се тестираат.

За два часа сите резултати ќе бидат готови, додаде министерот.

Имено, владата ќе има седница во 14 часот во однос на дополнителни препораки.

Министерот најави дека на дешната седница на Влада ќе се предложи уште една мерка, а тоа е здравствените работници во следните две недели да ги откажат и приватните патувања.

Можеби ќе ве интересира

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи