05 Мај, 2024
0.0268

Двајца лекари во МАЛМЕД пријавиле дека нивни пациенти починале по вакцинацијата против ковид, се истражуваат причините

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Двајца лекари во Агенцијата за лекови и медицински средства, МАЛМЕД, пријавиле сомнеж дека нивни пациенти починале после вакцинација против ковид во земјава. 

Ова го потврди раководителката во МАЛМЕД, Меријем Хаџихамза на брифинг со новинарите. 

Инаку, и двете пријави се доставени во различен временски период. За првиот пациент на 53-годишна возраст пријавата била доставена во април, а за вториот, кој бил на возраст од 85 години, на 30 септември.

Ако се пријави некое несакано дејство после вакцинација, тоа по дифолт не значи дека е последична реакција на вакцинацијата. Постојат параметри кои треба да се испитаат, како на пример, каков бил профилот на пациентот, од што боледувал, какви лекарства примал. Се прави комплетна обработка за да се докаже дали несаканата реакција, па нека е и смрт, е поврзана со вакцината и нејзината употреба. Имаме две пријави за смртен исхход кај 85-годишен пациент и за 53-годишен пациент. Уште не е докажана поврзаност со употребата на вакцините. Таа обработка се прави во ИЈЗ и мислам дека има иницијатива таму да се направи комисија за посериозните несакани ефекти“, рече Хаџихамза.

Таа додаде дека за едниот од пациентите кои починале, го видела медицинското досие и станувало збор за човек со многу коморбидитети. Едната пријава дошла од лекар во Гевгелија, а за втората, Хаџихамза немаше информација од каде е.

Можеби ќе ве интересира

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица