Двајца полицајци загинаа во автобуската несреќа во Бугарија
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2021
Двајца полицајци се меѓу настраданите во несреќата во Бугарија.
Алсат од извори во полицијата ексклузивно дознава дека меѓу 44-те жртви во трагичната несреќа во Бугарија има и двајца полицајци. Според информациите од членовите на семејството, станува збор за Енис Раманоски, заменик командир на полицијата во Дебар и Саде Мустафоски, полициски службеник на граничниот премин „Блат“ со Република Албанија.
Членовите на семејството објавија фотографии на социјалните мрежи со кои потврдуваат дека меѓу жртвите во трагедијата на 23 ноември се и Мустафоски и Раманоски, пренесува Алсат.