06 Мај, 2024
0.0260

Двата километри автопат ќе се градат три и пол години?

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Временскиот период на договорот според кој градежниот изведувач „Гранит“ треба да ги изгради првите два километри од автопатската делница од Скопје - Блаце е постигнат на 42 месеци, пишува во објавените услови кои се заемно договорени со инвеститорот.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 881.742.867 денари или околу 14,3 милиони евра. Делницата од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце е дел од коридорот 10 кој треба да се комплетира до Скопје.

Од Скопје за Приштина ќе се стигнува за помалку од еден час, но кога ќе биде пуштен во употреба целосниот автопат од 12,5 километри засега нема прецизни рокови. Единствено се знае дека првите 2 километри ќе почнат да се градат на пролет, а проектот за останатите 10 километри допрва ќе се прави.

„Знам дека може да ви звучи дека  е малку 2 километра за толку напор, меѓутоа автопат на таков географски терен во отсуство на било каков претходно подготвителен проект значеше многу ангажман на многу институции“, рече вицепремиерот Бујар Османи како координатор на проектот на потпишувањето на договорот.

Според договорот, „Гранит“ ќе гради како што ќе се ослободува теренот со експропријацијата, а јавното претпријатие Државни патишта ќе му плаќа авансно на периоди за да ја мобилизира оперативата. Доколку вонредните трошоци се поголеми од 15 отсто од предвидената сума, надзорникот ќе одредува колку треба да му се доплати на операторот.

Инаку за автопатот  Скопје –  Блаце долг 12,5 километри  обезбедени се 120 милиони евра,  70 се кредит, 27 грант, а остатокот  државни пари.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години