30 Јуни, 2024
0.0279

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Централната банка на Европската унија - Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија во средата објавија дека Бугарија нема да успее да се приклучи на еврозоната на почетокот на следната година, а ниту Романија не е поблиску до членство, пишува Фајненшл тајмс.

ЕЦБ и Комисијата соопштија дека двете земји, кои се меѓу најсиромашните членки на ЕУ, имаат премногу инфлација во споредба со остатокот од блокот. Тие, исто така, изразија сомнеж за способноста на нивните институции да се борат против корупцијата и перењето пари.

Двете земји сакаат да ја следат Хрватска, која стана дваесетта членка на еврозоната на почетокот на 2023 година.

Бугарија е најблиску до исполнување на условите, бидејќи со години ја врзуваше својата валута лев со еврото, и дозволи на ЕЦБ да ги надгледува нејзините најголеми банки и одржува релативно ниски нивоа на долг и буџетски дефицит. Доколку ги исполни потребните услови, Бугарија би можела да го усвои еврото на почетокот на 2025 година.

Бугарија ги исполни сите критериуми, освен еден

Во оценката на Комисијата за подготвеноста на шесте земји од ЕУ за влез во монетарната унија, Бугарија ги исполни сите критериуми освен намалувањето на инфлацијата на ниво на ЕУ.

Инфлацијата во Бугарија во просек изнесуваше 5,1 отсто во годината заклучно со мај, што е намалување од 5,9 отсто една година порано, но сепак многу над максималниот праг од 3,3 отсто во споредба со другите членки на ЕУ, соопшти ЕЦБ.

Иако исходот од проценката беше очекуван, претходната бугарска влада се надеваше дека ЕУ ќе покаже попустливост со оглед на тоа што се очекува Софија да го исполни критериумот за стабилност на цените подоцна оваа година. Наместо тоа, ЕК се согласи да ја преиспита соодветноста на земјата за пристапување кон еврото на барање на Бугарија, наместо да го чека следниот редовен преглед за две години.

Останатите четири земји кои беа проценети - Полска, Чешка, Унгарија и Шведска - исто така имаа инфлација над нивото потребно за влез во еврото, а сите освен Шведска ги прекршија фискалните правила на ЕУ. Сепак, овие земји не бараат членство во еврозоната.

Еуправозато

Можеби ќе ве интересира

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?