Две третини од младите живеат со родителите и не заработуваат
Објавено во: Балкан 13 Август, 2017
Младите во соседна Србија обично живеат со родителите, а 60% од нив не заработуваат, покажуваат бројките објавени по повод Денот на млади.
Само 10% од младите живеат во свој стан, а 21% во изнајмен стан.
Само 5.5% живеат во ученички или студентски дом, а 70% од младите планираат да се иселат од местото во кое живеат.
Околу 60% немаат свои приходи, а 17% заработуваат до 30.000 динари.
12% млади заработуваат од 30.000 до 50.000 динари.
Од 50.000 до 80.000 динари земаат само 6.5%.
Неполни 4% заработуваат повеќе од 80.000 динари.
Анкетата е направена од мај до јули 2017 година.