28 Април, 2024
0.0292

Две земји се скараа за помфрит, можни се нови царини

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Две земји се скараа за замрзнат помфрит.

Станува збор за Белгија и Колумбија.  Белгија побара помош од Европската Унија откако Колумбија отвори антидампинг истрага за увозот на замрзнати компири од неколку европски земји. Истрагата е започната на 1 ноември и таа би можела да резултира со воведување нови царини за овој производ. Тој е многу значаен за белгиската економија.

Белгија е најголемиот извозник на замрзнат компир во светот со 2,2 милиони тони во 2017 година и новите колумбиски рестриктивни мерки би можеле да имаат значајни последици за белгиските производители.

Германија и Холандија стојат зад белгиското барање, затоа што и нивните компании се засегнати од колумбиските мерки.

Белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс, побара досието да се стави на масата на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ посветен на трговијата. 

„Со ваквите мерки на трговска заштита сакаме да ги вратиме условите на конкурентност на пазарот и да ги корегираме дисторизиите на домашниот пазар“, изјави помошник-министерката за надворешна трговија на Коломбија, Лаура Валдивезо Хименез.

Европската комисија вчера посочи дека ќе ги поддржи европските производители.

ЕУ и Колумбија склучија трговски договор во 2013, чија цел е постепена либерализација на пазарите на двете страни. Но, Богота се жали дека оттогаш колумбискиот пазар е преплавен со европски замрзнат помфрит, што има сериозни последици врз домашните прозиводители на компири.

Со оглед на тоа дека европските компании имаат поголем капацитет на производство, цените на европскиот замрзнат компир се пониски и ја ставаат во опасност колумбиската национална агроиндустрија, соопшти Владата во Богота.

Еврокомесарката за трговија, Сесилиа Малмстром, потврди дека Европа се подготвува да интервенира во Светската трговска организација (СТО) поради конфликтот со увозот на европски замрзнат помфрит во Колумбија.

фото Кодекс.ме

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност