Две земјотреси ја „здрмаа“ Босна
Објавено во: Балкан 28 Август, 2017
Земјотрес од 4 степени денеска ги разбуди жителите на Мостар, БиХ.
Во 6 часот утрово жителите ги испаничи потресот на 84 километри југозападно од главниот град Сараево и на седум километри јужно од Широки Бријег. Потресот беше на длабочина од 10 километри.
По овој потрес во 6 часот и 14 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 3 степени по Рихтер, на длабочина од 2 километри.
Земјотресите се почуствувани во цела Херцеговина и во Далмација.
Информации за штети нема.