ДВЕ ЖЕНИ ИЗМАМЕНИ - им одзеле златен накит лажејќи ги дека знаат да гатаат и да растураат магии
Објавено во: Македонија 06 Март, 2021
Две жени од Штип и Кочани пријавиле во полицијата дека биле измамени од гатачки.
Според информациите од СВР Штип, првата 50 – годишна жрвтва била измамена од две лица кои влегле во дворот на нејзината куќа. Тврделе дека знаат да гледаат и да и ја видат иднината. За таа цел, од женета одзеле златен накит. Оваа измама се случила на 3-ти март.
Вториот случај е пријавен дека се случил завчера во Кочани. Цел на измамата на наводната гатачка била 66 годишна жена, која пријавила дека женско лице дошло во нејзината куќа и тврдела дека умее да растура магии.
За оваа окултна услуга, исто така бил потребен златен накит, кој наводната гатачка го одзела од жртвата.