26 Април, 2024
0.0335

Две жени победија на суд наспроти Франција за загадениот воздух во Париз

Објавено во: Свет 26 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Управниот суд во Монтереј пресуди, Франција не превзела доволни мерки за запирање на загадувањето на воздухот, пренесува Би Би Си.

Тужбата била поднесена од мајка и ќерка кои тврделе дека нивното здравје се влошувало додека живееле во близина на раздвижениот кружен пат во Париз.

Според нив, проблемите кои им се јавиле со здравјето кога се преселиле од таму изчезнале.

Според француската агенција за јавно здравје, загадувањето на воздухот е одговорно за 48.000 случаи на предвремена смрт годишно.

Случајот, поддржан од невладини организации, беше прво покрената тужба од страна на поединци против француската држава поради здравствени проблеми предизвикани од загадувањето на воздухот.

 Мајка, на 52 години, и ќерка, на 16, рекоа дека властите не презеле ефективни чекори против атмосферското загадување, особено во декември 2016 година.

„Државата допушти грешка, не презеде доволни мерки за квалитетот на воздухот“, кога меѓу 2012 и 2016 година не успеа да го намали нивото на одредени загадувачки гасови, посочи административниот суд во Монтереј.

Адвокатот на тужителите изјави: „Од сега па натаму, државата ќе треба да преземе ефикасни мерки за борба против загадувањето на воздухот“.

Меѓутоа, судот го отфрлил барањето за 160 илјади евра отштета, велејќи дека не нашол директна врска помеѓу нивните здравствени проблеми и неуспехот на државата да преземе акција.

Тужителите тврдат дека нивните респираторни проблеми - хронични напади на бронхитис и астма - се влошиле за време на врвот на загадувањето. Тие го напуштиле Париз и отишле да живеат во Орлеанс, Централна Франција, и велат дека нивното здравје е значително подобрено.

Во моментов во градот Лион, Лил и Гренобл има околу 40 слични случаи. Решенија се уште се во тек.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари