Двете големи партии не лажат со „бонбонче“, вели Ангелов за една изборна единица
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2021
Двете големи партии не лажат со „бонбонче“ години наназад, изјави претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во емисијата „Само вистина“ за барањата за една изборна единица во земјава.
Тој додава дека доколку постоела искрена волја, тоа ќе се случело.
„Ако биде 5 отсто, ако биде висок, ние ништо не сме направиле малите партии. СДСМ даде навидум поддршка, тоа влезе во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ не даде поддршка и затоа сметам дека мора двете големи партии да се договорат. Невозможно е да се освојат 9.000 гласови во една изборна единица“, рече Ангелов.
Вели дека влегувањето на пратеници од малите партии, значително ќе го усложни процесот на формирањето на Владата, но токму тоа и е потребно на Македонија, да влезат различни луѓе.