Џек Ма: Светот ќе страда во наредните 30 години
Објавено во: Економија 24 Април, 2017
Џек Ма, основачот и директор на онлајн трговскиот гигант Alibabа, на економската конференција во Шенжен посочи дека во наредните 30 години светот ќе претрпи големи социјални немири бидејќи технологијата целосно ќе ја промени економијата.
Тој гледа повеќе страдање отколку среќа и затоа порачува да се воведат итни реформи во образованието за секој да добие можност да се стекне со соодветни вештини кои ќе го направат конкурентен на пазарот на трудот за да може да се „натпреварува“ со роботите.
- Пред 15 години над 300 пати држев говори со предупредување од последиците кои ќе ги нанесе интернет трговијата, но малкумина слушаа. Денес работењето со „клауд“ сервери и вештачка интелегенција е неопходно за бизнисот, па затоа традиционалните индустрии треба да престанат да се жалат од развојот на технологијата и да почнат да бараат решенија, вели Ма.
Негова лична амбиција е во наредните декади да креира над 100 милиони работни места во различни сектори. Alibabа има проценета вредност од над 250 милијарди долари.