ЏИХАДИСТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ХЕМИСКИ НАПАДИ ВО ЕВРОПА: Сакаат да убијат што повеќе луѓе
Објавено во: Свет 01 Јануари, 2017
Припадници на „Исламска држава“ сакаат да извршат хемиски напади во Велика Британија и други делови на Европа, предупредуваат од британското министерство за безбедност.
Министерот Бен Валас тврди дека како што ИД се истиснува од Блискиот Исток, така и британските државајни ќе се вратат оттаму.
„Амбиција на „Исламска држава“ се напади со голем број жртви“ - вели тој.
Ако можат да употребат хемиско оружје, тоа би го направиле, тврди Валас.
Службите за безбедност се подготвуваат за оваа можност.
Во Мареу лани во Сирија е употребено хемиско оружје.
Околу 800 Британци заминале во редовите на ИД, а 100 загинале таму.