08 Мај, 2024
0.0235

ЕБРД за Македонија: Владините мерки ќе го зголемат јавниот долг

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Пазарот е мал, а има многу банки – Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) сугерира консолидација на македoнскиот банкарски сектор и намалување на бројот на банки на пазарот. Во извештајот за транзиција 2018-2019 што е објавен денеска стои дека иако банкарскиот сектор е стабилен, бројот на банките е навистина голем во однос на големината на пазарот. Иако не тврди дека е висок, ЕБРД потсетува дека јавниот долг во земјава дополнително ќе се зголеми и од најавените владини стимулации .

„Побарувачката за кредити остро се намали за време на политичката криза во 2016 и 2017 година, но кредитирањето остана позитивно и порасна за околу 3 проценти во 2017 година. Ова е сепак многу пониско во споредба со претходните години. Адекватноста на капиталот изнесуваше 16,2 отсто на крајот од 2017 година, што е далеку над регулаторните барања од 8 отсто. Нефункционалните кредити паднаа на 6,3 отсто, откако во претходните години се одржуваа на стабилно ниво од околу 10 до 11 отсто од вкупните кредити. Падот е одраз на неодамнешните мерки за отпишување на проблематичните кредити кои се целосно обезбедени во текот на две години. Сепак, и покрај тоа што имаше консолидација во претходните неколку години, се уште во Македонија има 16 банки кои се многу за малиот пазар, стои во извештајот за делот кој се однесува за Македонија.

ЕБРД нотира дека во земјава се подобрува имплементацијата на ЕУ законодавството, дека економијата заздравува полека и дека во тек се поголеми енергетски реформи. Во извештајот пишува дека во Македонија постојано се зголемува јавниот долг поради растот на буџетскиот дефицит. Според ЕБРД иако јавниот долг е во рамки на Мастришкиот критериум, тој од 2009 година наваму пораснал за дури 20 процентни поени.

„Се очекува понатамошен раст на долгот поради мерките усвоени од страна на владата, вклучувајќи ги и бизнис поттиците за дополнителни вработувања и за зголемување на минималната плата, стои во извештајот.

ЕБРД констатира и дека перцепциите за корупцијата се влошиле и покрај поволната бизнис средина. Македонија сега е рангирана на 107-то место (од 180 земји), што е најниско во регионот на Западен Балкан, во Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл.

Како други клучни предизвици за следниот период во извештајот за Макеоднија се наведени потребата од зголемување на употребата на обновливи извори на енергија, но и дигитализацијта на работата на институциите со што, смета ЕБРД, ќе се привлечат нови инвеститори и ќе се отворат нови работни места.

ЕБРД прогнозира раст на македонската економија од 2 проценти следната година.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката