Еден европски град ги ограничува посетителите - кој не сака туристи?
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2017
Управата на Барселона усвои нов закон во петокот, кој сигурно ќе растажи доста луѓе, затоа што се воведува ограничавање на туристичкиот прилив, бидејќи туристите буквално го заземаат градот и тоа ги лути локалните жители.
Само минатата година 32 милиони луѓе го посетиле градот. За споредба постојаното население во Барселона е 1,6 милиони луѓе.
Новиот закон доаѓа по 25 години неуморно рекламирање на градот како туристичка дестинација. Жителите дури планираа „окупација" на „Ла Рамбо" - улицата, која според локалните жители станала симбол на прекумерното присуство на туристи. Таканаречената окупација е организирана од локалната асоцијација, пишува „Guardian".
Под слоганот „Барселона не е за продажба" демонстрантите повикуваат да се стави крај на шпекулациите на пазарот на домување, бидејќи цените ги избркаа локалните жители од градот. Тие сакаат и правична заработувачка за вработените во секторот туризам.
Во моментов во градот има 75 000 легла во хотелите и околу 50 000 во лиценцирани станови за туристи. Според пресметките, сепак има уште барем 50 000 места за сместување. Локални организации проценуваат дека околу 17 000 станови се даваат на туристи и како резултат на побарувачката се зголемени кириите кои се највисоки во цела Шпанија.