16 Мај, 2024
0.0334

Едноставни совети: Како да направите малку пoинакви фотографии од вашиот одмор

Објавено во: Стил 19 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Тоа им се случува на повеќето од нас. Се враќаме од одмор на кој сме си поминале убаво со фотографии на кои не може да се види забавата и возбудата која сме ја доживеале таму. Оваа година можете да направите малку поинакви фотографии. Еве неколку идеи кои би можеле да ги пробате.

Најпрво, не заборавајте да го спакувате фотоапаратот, понесете доволно мемориски картички, полначи за батерии, батерии, трипод и другата опрема која ја поседувате. Не расипувајте си го одморот со тоа што ќе го забoравите фотоапаратот.

Фотографирање знаменитости

Вклучете само толку од позадината колку што е потребно. Понекогаш фотографијата е повпечатлива доколку се вклучат само помалите делови од еден голем објект,на пример, само дел од Ајфеловата кула наместо целата структура. Експеримeнтирајте со различни агли. Поставете го субјектот кој го фотографирате на една од страните наместо во центарот на фотографијата. Зумирајте ги субјектите на вашите фотографии за нивниот израз на лицето да биде видлив. Обрнете внимание на сцената која ја фотографирате. Понекогаш еден сообраќаен знак или премногу луѓе во позадината можат да уништат добра фотографија.

Пејзажи и портрети

Доколку на дестинацијата каде се наоѓате има колоритни предели, пристаништа или друг интересeн пејзаж, убаво е да имате фотографија од нив, се разбира. Би се добила интересна фотографија доколку на пејзажот би се нашол и некој член на семејството или пријател со кого сте на одмор. За да добиете резултат како на фотографијата за пример, поставете го субјектот кој го сликате на границата меѓу предниот план и позадината. Изберете го модот за фотографирање пејзажи на фотоапаратот и фокусирајте го субјектот. Заземете позиција не помала од 3 метри од личноста која ја фотографирате. На крај, нежно стиснете го копчето (задржете го здивот, така ќе спречите да се мрдне фотопаратат во моментот на фотографирањето и да се замати фотографијата).

Искористете ја светлината во ваша корист. Сончевите денови се добри за фотографирање пајзажи, но облачните денови се подобри за портрети. Искористете го т.н. „златен час“ или еден час пред изгревање и заоѓање на Сонцето кога има совршено светло кое им дава драматичен ефект на фотографиите. Запомнете дека Сонцето треба да ви биде зад грбот кога фотографирате.

Направете нешто малку поинакво

Направете повеќе фотографии за да ги фатите забавните моменти. Прекршете го клишето и направете нешто поинакво од вообичаените фотографии со позирање пред знаменитостите. Обидете се да ја раскажете приказната за вашиот одмор преку фотографии. Понекогаш она што е потребно за добра фотографија од одмор е само малку да размислувате „надвор од рамките“. Секој прави групни фотографии на плажа. Понекогаш луѓето лежат на крпите, понекогаш групно позираат. Ретко, може да се види фотографија од дете што си игра во песокот како што надоаѓаат брановите. Но само со малку размислување надвор од рамките, можете да направите фотографии кои ќе бидат запаметени.

Добрата фотографија се состои во тоа да се прикаже како ги гледате нештата. Повеќето од уметничките фотографии најчесто се фокусирани на обични предмети прикажани на уникатен начин. Земете ја оваа фотографија за пример - таа доловува едно смирено чувство на задоволство, без ниедна личност на фотографијата. Само со поставување на неколку обични предмети, или со фотографирање на истите поставени онака како што биле оставени може да се направи добра фотографија.

Силуети

Повеќето луѓе никогаш не прават фотографии со силуети, а сепак тие се лесни за фотографирање. Ефектот на силуети се добива кога фотоапаратот „мисли“ дека целата сцена која се фотографира е посветла одошто е, па така ги преосветлува темните делови. Изберете го матричниот метод на мерење на експозицијата (кој обично е избран стандардно на повеќето фотоапарати) и фокусирајте ги субјектите на сликата.

И на крај

Направете колку што можете повеќе фотографии. Колку повеќе - толку се поголеми шансите да ги фатите најдобрите моменти од вашиот одмор.