Ефтината нафта ќе доведе до рекорден трансфер на богатство
Објавено во: Економија 01 Февруари, 2016 15:30
Економистите се уште се расправаат дали ниската цена на нафтата е добра или лоша вест за економијата.
Аналитичарите од „Bank of America Merrill Lynch“ сепак направија нова опсежна студија за долготрајнот влијаниео на евтината нафта.
Според нив трајно ниските цени на нафтата ќе доведат до пренесување на богатство во износ од 3 трилиони долари годишно од нафтените производители кон светските корисници, што би било најголемиот сличен трансфер во историјата на човештвото.
До овој заклучок дошол истражувачкиот тим на банката, предводен од Франциско Бланш.
Бланш веќе гледа докази за позитивен ефект од ниските цени на суровината врз потрошувачката, кои може да се зајакнат во иднина. „Ако цената на нафтата се задржи во просек 40 долари за барел во следните пет години, побарувачката ќе се зголеми за 1,5 милиони барели на ден. Со просечна цена на нафтата од 20 долари за барел потрошувачката ќе биде со 1.7 милиони барели на ден повеќе“, коментира експерт пред финансиското издание Bloomberg.
Особено силен ќе биде ефектот на евтината нафта на пазарите во развој, кои се соочуваат со сериозно забавување на растот.
Позитивниот ефект ќе е влакно во порастот на продажбата на автомобили и потрошувачката како целина.
„Евтината нафта ги стимулира кинеските потрошувачи да купуваат поголеми автомобили. Продажбата на спортски модели се зголемила за 60% во земјата на годишна основа во текот на последните три месеци од изминатата година, додека вкупната продажба на автомобили се зголемила за 22%.
Можеби ќе ве интересира
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?




