ЕХ, ТАА ДАНСКА: Кој ќе работи подолго, го чека казна!
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2016
Типично работно време во Данска е од 8 до 16 часот, со 37 работни часа во неделата.
Меѓутоа, едно неодамнешно истражување покажало како просечниот Данец работи само 33 часа секоја недела.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/04/29/vo-danska-nema-prekuvremena-rabota-shefovite-zadovolni/" target="blank" ]Во Данска нема прекувремена работа, шефовите задоволни[/button]
„Данците не остануваат подолго на работа бидејќи поради тоа би можеле да добијат лекција за неефикасност отколку пофалба“, пишува Хелен Русел британската новинарка која живее во Данска.
Кога во 2013 година се преселила во Данска со сопругот кој таму добил работа во една компанија не можела ни да сонува дека нејзиниот маж ќе доаѓа дома веднаш после работа, а во петок дури во 14,30 часот, вели таа.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/02/26/aplitsirajte-danska-avstrija-i-norveshka-baraat-rabotnitsi-eve-shto-se-nudi/" target="blank" ]АПЛИЦИРАЈТЕ: Данска, Австрија и Норвешка бараат работници-Еве што се нуди![/button]
Двојката која била навикната на задолжителни премолчени прекувремени саати и помалку слободно време ги изненадила леснотијата и дисциплината со која живеат луѓето во земјата која е редовно на листата најдобри места за живот.
Се цени балансот помеѓу работата и приватниот живот, посебно семејствата па така мајките и татковците без проблеми после работниот ден може да ги соберат децата и со нив да поминат квалитетно попладне, а навечер да одвојат малку време и за себе.