27 Април, 2024
0.0266

ЕИФ и „Групацијата ПроКредит“ потпишаа договор за финансирање на иновативни компании во седум земји

Објавено во: Економија, Мои пари 28 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и групацијата „ПроКредит“ потпишаа договор со кој ќе се овозможи поголем пристап до финансии за иновативни мали и средни претпријатија (МСП) преку програмата InnovFin – програма за финансирање за иноватори од ЕУ, иницијатива поддржана од страна на Европската комисија.

Новиот договор ѝ овозможува на групацијата „ПроКредит“, преку своите ПроКредит банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија и Србија да обезбеди финансии за иновативни компании во вкупен износ од 250 милиони евра. Банките ќе бидат поддржани со  гаранција обезбедена од ЕИФ и поддржана согласно „Хоризонт 2020“, Рамковната програма за истражување и иновации на ЕУ. Ова е првиот потпишан договор за InnovFin гаранција за МСП кој ги опфаќа овие земји, овозможувајќи им на овие „ПроКредит“ банкина иновативните компании да им понудат дополнително финансирање по поволни услови.

Извршниот директор на ЕИФ, Пјер Луиџи Џилиберт изјави: „Задоволство ми е што го потпишувам овој договор за InnovFin гаранцијата за МСП со Групацијата „ПроКредит“ во корист на иновативните компании. Имаме претходно искуство со групацијата „ПроКредит“ и сигурни сме дека ќе ги поддржат иноватините и растечки бизниси на кои има се потребни финансиски средства“.

Карлос Моедас, Европски Комесар за истражување, наука и иновации изјави: „Договорот поддржан од ЕУ кој се потпишува денес е отворен за мали и средни претпријатија од земјите членки на  РУ како и земјите поврзани со проектот  „Хоризонт 2020“ од Југоисточна Европа. Целта е да се поттикнат инвестиции во иновативни компании кои создаваат работни места и развој.’’

Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на „ПроКредит Холдинг“ додава:  „Горди сме што ’ПроКредит‘ е првата групација на банки која го потпишува InnovFin гараниот договор за МСП за ПроКредит Банките во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Романија и Србија. Ова ќе стимулира иновативни идеи и инвестиции кај нашите клиенти и на тој начин ќе им овозможи да ја зголемат нивната конкурентност. Како водечка матична банка за мали и средни претпријатија во овој регион, знаеме дека модерната технологија, иновативното размислување и бизнис делување кое е насочено кон грижа за животната средина се клучни фактори за понатамошен развој.  Ова подеднакво се применува каково работата со нашите клиенти, така и на нашето работење како банки“.

Целта на InnovFin гаранцијата за МСП е да ги поттикне банките или другите финансиски институции да доделат заеми на малите и средни претпријатија (фирми со помалку од 500 вработени) на кои им е потребен фиксен и/или обртен капитал за финансирање на истражувања, развој и иновативни активности, со финансиска помош од ЕУ.  Финансиските институции се избрани од страна на ЕИФ по повикот за интерес за финансиски посредници ширум Европа.

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот