02 Декември, 2024
0.0262

ЕК и годинава потсети на истите недостатоци во македонскиот аграр

Објавено во: Агробизнис 17 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

После неколку извештаи добиени во изминатите години, слабиот капацитет на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и на Фитосанитарната управа, и оваа година остануваат клучни забелешки во последниот извештај од Европската комисија. И покрај низата препорки во изминатите години, сеуште загрижува капацитетот на Агенцијата, како иституција која има голема одговорност особено во распределбата и исплатата на субевенциите за земјоделците. И оваа година не е променета препораката на ЕК за зголемување на бројот на вработени стручни лица во АФПРЗ со цел поефикасно да се спроведуваат програмите за финансиска поддршка. Очекувана беше и забелешката за слабата искористеност на парите од европските ИПАРД фондови, кои се важни за развој и модренизирање на македонскиот аграр.  Европската Комисија на тапет и и во овој извештај ја стави работата на Фитосанитарната управа. Забележан е слаб е напредок во фитосанитарната политика. Подготовките во оваа област не се многу напреднати, а тоа се должи на недоволните административни капацитети на надлежните институции, нивната слаба координација, отсуството на меѓународните стандарди за фитосанитарните мерки и контроли, како и неискористениот капацитет на Државната фитосанитарна лабораторија. За тоа дека едните исти забелешки ни се провлекуваат речиси секоја година, на собраниска Комисија за земјоделство,шумарство и водостопанство, реагираа и дел од пратениците од опозицијата. - Агенцијата нема доволен капацитет, ниту административен ниту институционален. Иако е забележан напредок во усогласување на законските регултави, сепак сеуште има забелешки во нивното спроведувањево пракса. Она што мене лично ме загрижува е што и понатаму останува забелешката за Фитосанитарната управа, односно за заштитните средства за растенијата, што се употребуваат, за отсуството на контроли во нивната употреба. Тоа значи дека не знаеме дали некои средства содржат пестициди или пак се канцерогени. Нема контрола во семенскиот материјал, а тоа е важно за здравјето на растенијата. Досадно е веќе да добиваме исти забелешки, ние и на министерот за земјоделство му порачавме дека е потребна поголема комуникација со земјоделците, и дека им даваме поддршка, за да се елиминираат овие забелешки, за АФПРЗ да се конституира како што треба, и да очекуваме дека следната година ќе ги немаме повторно истите забелешки, вели Панче Орцев, пратеник од СДСМ Зајакнувањето и контролата на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и усогласување на регулативите за безбедноста на храна, зајакнување на инспекторатот за храна е оценето позитивно. Но останува проблемот што и покрај многуте кампањи, одредени субјекти кои иако го имаат имплементирано ХАСАП системот за безбедност н храна, во пракса не го спроведуваат а контролите не се прават како што треба. Во извештајот стои дека македонското законодавство не е усогласено со заедничкото уредување на пазарот во Европската унија во делот на квалитеот на пилешкото месо, јајцата и млекото, а комисијата забележува и на тоа дека сè уште не се преземени планираните активности за квалитетот на млекото. Зголемувањето на субвецниите за земјоделците е позитвино оценето.Европската комисија забележува напредок во интегрираниот систем за администрација и контрола на мерките на директни плаќања со воспоставување на Системот за идентификација на земјишни парцели. Постигнат е напредок и во однос на правилата за производство на добиточна храна, зајакнување на ветеринарните лаборатории и зголемување на буџетот за ветеринарни трошоци, контролата на болестите кај животните и нивната благосостојба, како и во подрачјето на ставање во промет храна, храна за животни и производи од животинско потекло. Но и покрај тоа што забелешките ни се повторуваат, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, генерално е задоволен од оценетиот напредок во аграрната политика, иако ги признава забелешките во однос на кадровската екипираност на дел од институциите. Најави дека ќе продолжат активностите за функционирање на Земјоделскиот пазарен информативен систем кој обезбедува редовни податоци од земјоделските пазари, а во следниот период ќе се спроведела амбициозната агенда на донесување подзаконски акти пред се во делот на квалитетот и класификацијата на земјоделските производи.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.