„ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК КОЈ ВО 2023 ГОДИНА АЛАРМИРАЛ ДЕКА ДИСКОТЕКАТА НЕ Е БЕЗБЕДНА, СЕГА Е ВО ПРИТВОР“ - Гоце Делчев Тодев со свои сознанија за несреќата

Објавено во: Македонија 08 Април, 2025 16:50
Гоце Делчев Тодев, генерален секретар на Конфедерацијата на Синдикати и поранешен лидер на Независниот полициски синдикат, во емисијата „25 минути“ на Биљана Секуловска, се осврна и на трагедијата во Кочани.
„Народот гледа се. Што сите власти досега направиле или не за граѓаните да бидат побезбедни. Во случајот со кочанската трагедија се докажува дека сите минати власти, вклучително и оваа, мора, еве јавно кажувам, и министерот за внатрешни работи, и премиерот, но не само тие двајца, туку и Обвинителеството, да ги преземат сите нивни законски ингеренции. Не може да бидат амнестирани моменталните господа челници кои седат на одредени фотелји и кои имале исклучително битна улога и функција во општеството, а да бидат амнестирани. Во ниеден случај“, вели Делчев Тодев.
Ако и со трагедијата во Кочани излезе дека е виновен некој функционер од пред 10 години, а сегашните не се, значи ние имаме проблем со самите себе, рече тој.
Според него, не може политичките заслужни луѓе да бидат шефови на одредени сектори на важни институции.
„Имаме полициски службеник кој пред неколку години пишува службен материјал во кој напоменува дека дискотеката не е безбедна и дека јавниот ред и мир може да се наруши во секој момент, и од тие причини бара, предлага, затворање на дискотеката. И таквата личност се наоѓа во притвор. Тој алармирал пред неколку години, и тој е во притвор, а тие што требале да реагираат, ништо не спровеле. Тие што биле одлучувачки фактор во полицијата немаат последици. Тоа се случило во 2023 година. Да сум обвинител или министер за внатрешни, ќе знаев кој треба дополнително да се апси. Нека се охрабрат да ги апсат и сегашните функционери. Не може да се оправдаатр сегашните началници. Уште 50 лица би биле уапсени, па тие нека се докажуваат на суд. Не само од МВР. Бројката во притвор не е доволна за целата трагедија“, рече Тодев.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество
