15 Мај, 2024
0.0252

ЕК ја затегнува контролата врз „Skype„ и „WhatsApp“

Објавено во: Стил 15 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Контролата на комуникациските услуги, користење на апликации како Skype и WhatsApp ќе биде затегнати од Европската комисија, пишува „Фајненшл тајмс“, цитиран од агенциите.

Според документи на ЕУ, до кои весникот добил пристап, бесплатните апликации за пораки кои се управувани од американски компании како Microsoft и Facebook, во иднина ќе треба да ги исполнуваат условите за обезбедување на безбедноста и доверливоста во согласност со одредбите на ЕУ.

ЕК ќе испрати претходни известувања по ова прашање во септември, а подоцна во текот на годината ќе ги објави конкретните законски одредби во дадената област, забележува „Фајненшл тајмс“.

Според изданието иницијативата сведочеше дека блокот се обидува да „воспостави одредена контрола над претежно американските компании, доминантни во овој сектор“.

Поконкретно станува збор за тоа, како апликации за пораки одговараат на препораките од службите за безбедност, како се користат во бизнисот податоците на клиентите. Овој план е дел од реформата на европскиот телекомуникациски пазар, наведува весникот.

Големи телекомуникациски компании во целата Унија, како Telefónica во Шпанија и Orange во Франција и компании во Велика Британија повикуваат на овие регулаторни промени со години.