29 Април, 2024
0.0254

ЕКОНОМИЈАТА ЛАЗИ: 2017 ќе заврши со стагнација!

Објавено во: Економија 08 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

По два квартали, едниот во стагнација, другиот со негативен предзнак, економијата во третиот успеа да испорача срамежлива стапка на економски раст од само 0,2%. Според економистите, оваа стапка само симболички, но не и суштински ја менува сликата дека оваа 2017 година, главно ќе се смета за економски загубена, политички обоена, полна со неизвесност за домашните и за странските инвеститори. Според  Државниот завод за статистика во третото тромесечје позитивната стапка на БДП се потпира на растот на Финалната потрошувачка, додека Бруто инвестициите се во пад.

Бруто инвестициите се топат, увозот и извозот со раст ...

На истекот на оваа 2017, кога се ситни последниот месец од годинава, Заводот за статистика објави дека третиот економски квартал завршува со незначителен раст од само 0,2 отсто. Со ова, според дел од економистите се потврдуваат прогнозите дека во 2017 година економијата жилаво се борела со лазечки стапки на економски раст, детерминиран од политичката неизвесност.

“Од економска гледна точка, според мене,  2017 година се смета за изгубена година. Не само што не се постигна проектираниот економски раст (преполовен), туку и не успеавме да ги поставиме основите за побрз економски развој, што би било добра основа за оддржлив економски раст. Тоа е сосема очекувано во услови на политичка криза (која предолго трае). Во услови на политичка криза никој сериозен инвеститор не би се осмелил да вложува капитал, напротив, тоа знак на тревога која ги упатува на внимателност и барање на алтернативи за селење на капиталот“ – вели универзитетскот прфесор Семи Бислими.

Според статистичките податоци, првиот квартал заврши со стагнација или БДП од 0%, во вториот квартал економијата е со негативен предзнак -1,3% а во третиот пак стапката на раст изнесува 0,2%. Аналитиката на Народната банка неодамна објави дека на истекот од годинава постојат ризици што ја засенуваат очекуваната прогноза за раст на ниво на целата година. 

“Во однос на проектираната патека до крајот на годината, пониските остварувања во првата половина од годината создаваат надолни ризици за проекцијата на БДП од 2,5% за цела 2017 година“ – оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ.

Во третото тромесечје, БДП се потпира на  Финалната потрошувачка која оставри раст од 1,6 отсто, извозот на стоки и услуги се зголемил за 5,5% а увозот за 2,1%. Но, и во третиот квартал продолжи трендот регистриран во второто тромесечје – пад на Бруто инвестициите. Така, во вториот квартал тие беа во минус со 18,6% а во третиот – 9,4%, со што се преполови негативниот тренд. Ниту новите податоци за економската состојба на фирмите и индустријата не навестуваат позначјни промени во последниот економски квартал. Така, во октомври годинава во споредба со истиот месец лани, индустриското производство испорача раст од само 1,1 % додека  од јануари до октомври во споредба со истиот период лани растот изнесува само 0,1%. Бројот на работници во анализираниот период се зголемил за 1,8%. 

Во третото тромесечје се топи и довербата но и економската кондиција  на фирмите од секторот трговија. Така, менаџерите од трговскиот бизнис изјавиле  дека нивната економска состојба во споредба со истиот период лани е понеповолна, додека во споредба со вториот квартал се оценува како поповолна. Она што навестува оптмизам, е дека тие очекуваат натамошно подобрување, во последното тромесечје и во првите три месеци од 2018 година.

Неодамна, министерот за финансии Драган Тевдовски оцени дека негативните показатели за растот на економијата се привремени, со оптимистичка прогноза дека нема да има потреба од ревидирање на предвидениот раст на БДП од 2,2%.

Минатата, 2016 година заврши со раст од 2,9%. Оваа 2017 за прв пат по подлг период, во вториот квартал имаше пад на екномијата. Догодина, според буџетските проекции, економскиот раст ќе изнесува 3,2%. Прогнозите  се потпираат на очекувањата за заздравување по политичката криза.

“Во 2018 година економијата се очекува дополнително да заздрави од негативните влијанија на политичката неизвесност во земјата во текот на 2017 година, односно се очекува понатамошно интензивирање на економскиот раст. Политичката стабилност и враќањето на довербата кај инвеститорите се очекува да придонесат кон раст на приватните инвестиции“ -  се наведува во Буџетот за 2018 година.

Со новите ревидирани прогнози на ММФ, Македонија во споредба со земјите од регионот ќе испорача најниска стапка на раст. Само економијата на Босна и Херцеговина ќе испорача иста стапка на раст како и македонската економија, додека ММФ за Албанија предвидува БДП од 3,7%, за Хрватска 2,9%, за Косово 3,5% и за Србија и Црна Гора по 3 отсто економски раст. Годинава Меѓународниот монетарен фонд во два наврати ја намали прогнозата за економски раст, најпрово од 3,5% на 3,2% и сега од 3,2% на 2,5%. 

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка