29 Април, 2024
0.0247

Економијата стагнира, не и долговите: Колку должат македонските компании

Објавено во: Економија 24 Август, 2018

Добивај вести на Viber


Домашните фирми се во долгови, но колку е навистина нивниот долг. Според последни податоци, минатата година вкупниот долг на македонските компании се зголемил за дури 4,2 отсто и изнесувал 67,2 отсто од вкупниот македонски БДП. Во 2016 година овој долг изнесувал 66,8 отсто од БДП. Во годините претходно бил уште понизок. Компаниите должат најмногу кон банките, а ако се анализира задолженоста по сектори најголем долг кон домашните банки имаат компаниите кои се во секторот трговија, транспорт и угостителство, се разбира поради нивната бројност. Но, задолжени се и индустриските компании и градежниците.

Економијата стагнира

Фирмите должат и кон домашни, но и кон странски банки, ако позајмуваат надвор, најчесто преку нивните матични фирми. Речиси незначително се финансираат преку издавање должнички финансиски инструменти на финасиските пазари.

Во последните неколку години вкупниот долг на корпоративниот сектор пораснал за 7,3 проценти. Или ако во 2013 година долгот на домашните компании бил 62,6 отсто од БДП, во 2017 година е 67, 2 проценти. Динамиката е постојано нагорна. Во 2014 година долгот на корпоративниот сектор изнесува 64,2 отсто од БДП, во 2015 е 65,9 отсто од БДП, додека во 2016 изнесува 66,8 отсто од брутодомашниот производ.

Во периодот на раст на долгот немаше значаен раст на БДП, особено во последните две години, во кои поради политичката криза, економската активност трпеше доста.

Кој колку должи?

Фактор ја анализираше и задолженоста по сектори, но само кон домашниот банкарски сектор. Во 2017 година фирмите на банките им должеле 2,47 милијарди евра. Во 2016 оваа сума била 2,39 милијарди евра. И во двете години најголеми должници се компаниите кои работат во секторот трговија, транспорт и угостителство. Лани тие на банкарите им должеле вкупно една милијарда евра. Следуваат компаниите од секторот индустрија чиј долг кон банките изнесува 807 милиони евра, додека градежните компании земале кредити поради кои на крајот на годината на банките им должеле вкупно 285 милиони евра.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка