07 Мај, 2024
0.0240

Економскиот колапс продолжува: Средната класа во Русија исчезнува

Објавено во: Свет 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Руската централна банка откри уште еден ризик пред својата политика - намалување на средната класа во земјата.

Централната банка предупреди дека нејзините напори да ја ограничи инфлацијата се ставени пред ризик поради растечката нееднаквост во богатството и исчезнувањето на средната класа во Русија. Токму средната класа е чувствителна на промени во каматните стапки и ниво на цените. Приходите и домашната потрошувачка се намалува со невидено темпо за управувањето на Владимир Путин, а податоците за продажбата на мало денес веројатно ќе покажат дека тие продолжуваат да се намалуваат за 21 месец по ред, што е негативен рекорд. Реалните еднократни приходи од друга страна се намалуваат за 7% на годишна основа, покажуваат податоците од истражувањата на Bloomberg.

Потрошувачката исто така, останува под притисок, бидејќи платите не успеваат да одговорат на темпото на порастот на трошоците за живот. Сите овие трендови исфрлуваат 14 милиони руси надвор од средната класа, откако започна економскиот колапс во Русија пред две години.

- Намалувањето на средната класа е лошо за контролата на инфлацијата, бидејќи ризиците што произлегуваат од фискалната политика, се повисоки, сподели Олег Козмин, поранешен советник во централната банка, кој во моментов е главен економист за Русија во „Renaissance Capital“ во Москва.

И додека е општо прифатено дека поларизацијата на приходите меѓу населението се одразува негативно на потрошувачката, а од ММФ предупредуваат дека средната класа е клучна за економскиот раст, ефектите врз политиката на централната банка остануваат малку настрана од фокусот на дискусиите.

Овие ефекти сепак, не треба да бидат пропуштани во анализите, бидејќи повисока социјална нееднаквост води до слабеење на ценовната еластичност на побарувачката, што ја прави потешка задача на Руската централна банка да ја контролира инфлацијата. Во 2015 растот во нивото на цените во Русија ја надмина целта на централната банка за четврта година по ред.

И додека меѓу 2000 и 2013 средната класа во Русија (со потрошувачка по глава на жител еднаква или повисока од 10 долари дневно) се удвои до над 60% од населението, според податоците на Светската банка, сега трендот е токму обратен. А освен за потрошувачката и продажба на мало, тоа има негативни ефекти и врз работата на Руската централна банка.


Можеби ќе ве интересира

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА - „Ве очекуваат катастрофални последици“

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

КАКО ДОЈДЕ ДО РАЗДОР ВО КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО - зошто Хари и Меган го напуштија дворот, а потоа изнесоа страшни обвинувања

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците