29 Април, 2024
0.0409

Ексклузивно: Од Афроџек, Принцот Константин, до Ариа од Игра на Тронови, еве како помина вториот дел на Европскиот „Форбс под 30 Самит“

Објавено во: Економија 07 Септември, 2018

Добивај вести на Viber


Со музичка изведба на познатата пејачка Ема Хистерс (Emma Heesters) започна вториот ден од првиот “Форбс под 30 Самит во Европа ” (Forbes Under 30 Summit Europe) . Низ престојните 8 панели на сцената можеа да се слушнат најразлични профили и категории на луѓе, од Афроџек (Afrojack), светски познат ДЈ по потекло од Амстердам кој раскажуваше за мотивациите и напорната работа, потоа блогери, влогери и светски познати инфлуенсери како Негин Мирсалехи која има над 4 милиони следбеници на Инстаграм. Негин ја раскажа нејзината приказна и тоа колку на почетокот нејзиниот Инстаграм бил преправен со негативни коментари, но и колку и помогнал да го изгради нејзиниот бренд Гизу (Gisou).

На панел на тема “Модерната канцеларија” зборуваа тројца претпримачи кој раскажуваа за бенефитите од аутсорсинг (outsourcing) и немање ни еден вработен, а раководат со компаниски обрт од 1 билион долари. Интересна беше дискусијата во која учество земаа раководни лица на најголемите вентуре капитал фирми во Европа кој сметаат дека во наредните години се очекува VC сцената од Америка да се насочи кон Европа и првиот билион од продажба да биде токму во Европа. На прашањето во која категорија се очекува и во кој град, Офела Браун од Блосом Капитал одговори дека ќе биде најверојатно во Лондон и во сферата на финтек (fintech).


Како што е традиција на секој Форбс Самит, така и на овој беше доделена наградата “Microsoft Spark Award” која ја додели директорот на маркетинг на Микрософт Џенифер Марсо (Jennifer Marcou). Оваа награда се доделува на претпримачи со значително достигнување во социјалното прептриемаштво, а на овој Самит ја доби пакинстанката Хера Хусеин за создавање компанијата ЏЕЈН (CHAYN) која преку изработка и продажба на накин им помага на злоупотребуваните жени.


Вториот блок од денот продолжи со излагање на тема “Технологијата што ќе ги реши проблемите на светот” на принцот Константин од Кралското семејство на Холандија, а најверојатно најинтересно беше присуството на актерката Мејси Вилијамс која ја глуми Ариа во светски познатиот “Игра на троновите” (Game of the Thrones). Мејси заедно со нејзиниот ко-основач ја формирале платформата “Дејзи” (Daisy), која има за цел да биде социјален медиум за креативците од различни индустрии. Оваа платформа која до вчера била идеја, во текот на месец септември собрала ризичен капитал од 3 милиони долари и се очекува наскоро да биде пуштена.


Вечерта заврши во стил само каков што Форбес може да направи, со двочасовно патување низ каналите на Амстердам. Сите присутни имаа можност да ги доживеат убавините на овој европски град низ зајдисонцето.

Во очекување на утрешниот ден!

За Фактор од Амстердам,

Аријана Коскарова (Creative Hub)


Можеби ќе ве интересира

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја